21:54 - 9 ноември, 2026

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Групата „АБА“ се враќа на сцената, Бени Андерсон најави нов албум за оваа година! (ВИДЕО)

Познатите хитмејкери од Шведска, славната поп група „АБА“, на голема радост на обожавателите, се враќа да ја покори музичката сцена!

„The Visitors“, последниот албум на обожаваниот квартет, објавен е уште во далечната 1981 година.

На воодушевување на многу обожаватели ширум планетата, музичарот Бени Андерсон (73), откри дека заедно со другите членови од бендот веќе се вратил во студиото по речиси четири децении пауза, како и дека познатата четворка е подготвена да ни претстави нови песни.

Андерсон во разговор за медиумите најави дека нов материјал од бендот можеме да очекуваме по завршување на летото. 

– Песните ќе излезат оваа година, претпоставувам по летото. Можам само да погодувам, бидејќи не сум сосема сигурен. Не треба да даваме лажни ветувања, но ако се прашувам јас, тогаш тоа би требало да се случи во септември. Но, ова не е само моја одлука, иако заедничка цел ни е на есен да имаме нов материјал – вели Андерсон.

Веќе се најавени и две нови песни и тоа – „I still have faith in you“ и „Don’t shut me down“.

Според првичните информации, едната од овие песни ќе биде поп, додека другата ќе биде наменета за танц.

За потсетување, легендарната група „АБА“ е формирана во 1972 година во Стокхолм, а две години подоцна победија на Евровизија со песната „Waterloo“, една од најпопуларните нумери која некогаш била испеана на овој повеќедецениски музичко-телевизиски спектакл.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....