15.8 C
Скопје
11:52 - 20 април, 2024

Илон Маск го исмева синот на Џо Бајден за наводното користење дрога и проститутки: Лавината коментари се стркала, меѓу нив и познати новинари!

Милијардерот и извршен директор на Тесла сподели фотографија на која носи кацига, а на неа има бројни камери: „Ова е Хантер Бајден секој пат кога купува крек и курви“, пишува Маск мислејќи на синот на претседателот на Америка.

твитер

 

Илон Маск, го нападна Хантер Бајден во средата, неколку дена откако DailyMail.com објави нова серија фотографии и видеа на кои синот на Бајден позира со проститутки и пуши крек во установа за рехабилитација.

Хантер Бајден, 52,  би можел да се соочи со федерални обвиненија за проституција поради фотографиите, видеата и другите документи кои се во сопственост на ФБИ од декември 2019 година, пренесува дејли меил. 

И додека многумина коментарот на Маск, на сметка на Хантер Бајден, го сметаа за смешен, новинарката Стефани Руле од MSNBC се обиде да му одржи лекција на Маск за користење на социјалната мрежа.

Настана кавга на социјалната мрежа Твитер откако новинарката го критикуваше Маск за спорната објава поврзана со Хантер Бајден. Но, шефот на Тесла не ѝ остана должен во одговорот: „А+ за кинематографија“, а потоа напиша: „Дава ново значење на Go Pros!“.

Рул потоа му одговори на најбогатиот човек на светот, сугерирајќи му да го искористи своето огромно влијание и ресурси подобро отколку да се потсмева на синот на претседателот, кој е редовна мета на десницата.

„Замислете го позитивното влијание што би можеле да го имате врз светот ако го искористите извонредното количество на влијание и моќ што го имате за да ширите пристојност, љубезност и позитивност? – твитна таа.

Маск, карактеристично, не го прифати ова и одговори: „Замислете ако MSNBC го направи тоа“.

Инаку, Хантер Бајден, кој е син на претседателот на САД, Џо Бајден, постојано го компромитира својот татко со скандали кои иако се постари, го заматуваат неговиот имиџ пред граѓаните и внатре и надвор од земјата. Затоа, видеото кое почна да кружи на социјалните мрежи овој понеделник, на кое тој е забележан во контакт со дрога, повторно го стави неговото име и неговото однесување во центарот на јавното мислење.

Според информациите што ги појасни „The Washington Examiner“, iCloud сметката на Хантер Бајден била хакирана во текот на викендот од корисници на онлајн заедницата 4Chan. Тие постепено шират видеа од синот на демократскиот претседател на САД како конзумира дрога, но исто така и како е во друштво на наводни сексуални работници.

Во еден од последните аудиовизуелни клипови што беше обелоденет, Хантер Бајден се појавува како држи вреќа со крек и се слуша како ѝ вели на една жена која е со него во собата дека има 20,7 грама од оваа супстанца. Подоцна, додека камерата малку ќе се одзумира, може да се види расфрлана гардероба насекаде.

Ова видео, чиј датум не е наведен од корисникот на 4chan кој го рашири на мрежите, се надоврзува на листата на клипови кои го покажуваат непредвидливото однесување на Хантер Бајден. Претходно, „Сан“ објави друг аудиовизуелен материјал во кој тој се појавува како пуши некој вид на супстанца во друштво со наводна проститутка, додека таа го нарекува „Биг деди“ (Голем тато).

Според британските медиуми, видеото е снимено во 2018 година, на изнајмен имот кога Хантер (52) бил на рехабилитација во Њуберипорт, Масачусетс.

Само девет дена пред снимањето на компромитирачкото видео, тогашниот американски претседателски кандидат Џо Бајден наводно му испратил на својот син 75.000 долари. Наводно, целта на парите била да се помогне во плаќањето на лекувањето на Хантер, пренесува панампост. 

Иако веста е скандалозна, новинарот Глен Гринвалд истакнува дека она што е сериозно не е тоа што Хантер Бајден користи дрога и проституција, туку „материјалите на лаптопот на Хантер Бајден за неговата бизнис потрага“, спомнувајќи го и таткото на Хантер, претседателот Џо Бајден.

Слични објави

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо
Се вчитува....