18.7 C
Скопје
00:46 - 20 јуни, 2026

(Видео) По Бекам и комичарот Крис Рок на одмор во Хрватска, ужива во Трогир со новата девојка

Крис Рок пристигна во Трогир на одмор со својата нова девојка: се шетаа држејќи се за раце додека не ги видоа фоторепортерите, а потоа нагло се разделија.

Се поголем број познати актери, пејачи, политичари, инфлуенсери… пристигнуваат во Хрватска на одмор. Додека некои со задоволство објавуваат каде се наоѓаат, на други не им е пријатно кога ќе видат фоторепортери кои сакаат да ги фотографираат. Таков беше случајот вчера во Трогир: Крис Рок (57) и неговата нова девојка, актерката Лејк Бел (43), беа видени како се држат за раце додека уживаат во романтична прошетка низ градот. Комичарот штом ги видел фоторепортерите се разделил од девојката со која се гушкал и се држел за рака, пренесува слободна далмација.

Рок беше облечен во капа, сиви панталони, бела кошула, очила за сонце и патики, а Лејк носеше блуза со отворен грб, црни панталони и чевли со ниски потпетици.

Минатата недела, парот беше виден како ужива на романтична вечера во луксузниот ресторан Џорџо Балди во Санта Моника.

Комичарот моментално паузира од турнеите. Тој се врати на настапите набргу откако актерот Вил Смит му удри шлаканица на Оскарите откако Рок направи невкусна шега за сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит. Рок ја спореди актерката со Г.И. Џејн, акционата хероина од истоимениот филм, која во 1997 година ја игра Деми Мур со избричена глава. Џејда има алопеција, поради што косата ѝ опаѓа, па Вил не ја прифати шегата баш најдобро.

Судирот во директен пренос беше еден од најдраматичните настани во историјата на Оскарите. Смит, откако му удри шлаканица на Рок во директен пренос, доби Оскар за најдобар актер, но подоцна беше исклучен од Академијата и има забрана за појавување на Оскарите.

 

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....