13.8 C
Скопје
02:49 - 30 септември, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изложба на графичкиот дизајнер и сликар Зоран Кардула во Тирана: „Жените и по некој маж“ – културен мост меѓу Македонија и Албанија

Дигитални илустрации под наслов „Жените и по некој маж“ на македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула беа претставени во Тирана и ја освоија албанската, но и интернационалната публика. Ова е прво преставување на Кардула во Тирана, Албанија.   

Минатиот викенд, на 15. април, во Македонскиот културен центар во Тирана се отвори изложбата „Жените и по некој маж“ на македонскиот истакнат графички дизајнер и сликар Зоран Кардула. Изложбата содржи 13 дела.

Импресиите се одлични, изложбата беше беспрекорно организирана со многу гости, многу позитивна енергија, а одличниот сет на диџејот Оги дополнително ја направи целата атмосфера уште попријатна.

– Ова е мој прв престој во Тирана и воодушевен сум од енергијата која ја има градот. Градот е доста зелен, луѓето љубезни, насмеани, културни и сето тоа дава чуство на добродојденост и овозможува да уживате во престојот. Доста мои пријатели ми го спомнаа ова за Тирана и сега и самиот се уверив во тоа – вели Кардула.

Македонскиот Културен Центар се наоѓа на одлична локација во центарот на Тирана и модерно е уреден, а и постојано е посетен од разни уметници и заинтересирани граѓани за македонската култура и уметност.

Кардула на изложбата претстави дигитални илустрации нацртани минатата година.

– Темата е, нормално, жените по која ме препознаваат кај нас и сум имал неколку изложби со истата тема, но беше изненадување за гостите кои ја посетија изложбата. Нивната реакција ми беше знак дека изложбата беше успешна и на некој начин ги освои – објаснува Кардула и задоволен од организацијата додава: Благодарение на организацијата од страна на Македонскиот Културен Центар дојдоа многу гости од дипломатските преставништва во Албанија, со што имав можност да се запознаам, да им ја покажам мојата уметност, да го вкусат крушевскиот локум и по нивната позитивна реакција знам дека уживаа.

На задоволство на уметникот, тој се запозна и со други уметници од Албанија, на дел од нив веќе им беше позната неговата работа, како од социјалните мрежи така и од контактите со Златко Ориѓански, директор на Центарот. На настанот беа присутни и наши сограѓани кои живеат и работат во Тирана.

– Се надевам дека во иднина уште повеќе ќе се интензивираат ваквите соработки меѓу нашите земји и ќе се отворат нови перспективи за соработка и дружење – завршува уметникот.

 

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....