20.4 C
Скопје
21:55 - 9 јули, 2026

Која е идеалната ДИЕТА ЗА ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

Дознајте на кој режим на исхрана или вежбање (или нивна комбинација) треба да се придржувате според вашиот хороскопски знак. Следете ги советите и имајте успешна диета.

ОВЕН

Започнувате диети, но не сте добри во нивното издржување. За вас се идеални кратките режими, но и натпреварите. Можете да се натпреварувате со пријател кој повеќе ќе извежба или побрзо ќе ослабне пет килограми.

БИК

Биковите треба да одржуваат редовна физичка активност и однапред одреден режим на исхрана. Овој знак не сака да експериментира многу, а тоа очигледно важи и кога се во прашање вишокот килограми.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте решиле да ослабнете, тогаш дури и станувате хистерични и напорни во вашата намера. Која диета и да ја започнете, ќе даде резултат токму поради вашата упорност и издржливост.

РАК

Раковите се љубители на храната и не ја одбиваат во ниту едно време од денот. Затоа, треба да се истренирате да внесувате полесна и нискокалорична храна, која нема да го оптовари вашиот организам.

ЛАВ

За разлика од другите полиња во животот, кога е фитнесот во прашање на Лавот му недостига мотивација. Но, кога еднаш ќе ја добие, тогаш вежба како вистински спортист и се храни како нутриционист.

ДЕВИЦА

Девиците се многу чувствителни кога се во прашање критиките за нивниот физички изглед. Во однос на храната, лесно може да се прилагодат на вегетаријанството, а фитнес-планот треба да биде јасен и прецизен.

ВАГА

Вагите може да бидат многу неодлучни и да им треба многу време додека да ја најдат идеалната фитнес-програма за себе. За нив најдобра е избалансираната исхрана и физичка активност со среден интензитет.

СКОРПИЈА

Тие имаат длабока волја за вежбање и здрава исхрана, но често нешто им се испречува на патот на оваа намера. Затоа, Скорпиите е најдобро да не почнуваат диета, туку само да се хранат најздраво што можат.

СТРЕЛЕЦ

На Стрелците им треба слобода во се, па така и во креирањето на план за исхрана и фитнес-програма. Детокс-плановите се идеални за нив, бидејќи даваат брзи резултати за кратко време. Потоа може да се обидат со друго.

ЈАРЕЦ

Јарците сакаат ред и организираност, па за нив најидеални се диетите со строго пропишана саатница за оброци, како и вежбите кои се прават во точен дел од денот, за да ја извлечат максималната ефикасност.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се доволно уверени дека самите можат да си креираат идеален план за вежбање и исхрана, соодветно на нивните потреби. И секако, во право се, бидејќи никој друг не ги познава подобро од самите тие.

РИБИ

За Рибите најдобри вежби се јогата и медитацијата, бидејќи им дозволуваат да се поврзат со своето духовно ниво. Кога е во прашање исхраната, најдобро е да се држат на три строго одредени оброци дневно.

Слични објави

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Еспресо

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо

(Фото) Ќерката на легендарниот Шабан Шаулиќ блесна на јахта среде Јадранот, ужива во луксузниот одмор

Еспресо

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо

(Фото) За Ирена Спировска најубавото зајдисонце е на Охридското Езеро

Еспресо
Се вчитува....