04:05 - 9 ноември, 2026

(Фото) Во екот на разводот, каква трансформација на сопругата на Џенан Лончаревиќ! Самира предизвика хаос на Фејсбук

Сопругата на пејачот Џенан Лончаревиќ, Самира Лончаревиќ, потврди дека се разведува од пејачот, по 25 години брак.

Како што наведува, до разводот дошло на негова иницијатива.

– Да, вистина е дека се разведуваме. Единствено што барам е да се почитува законот во сето ова, ја не барам ништо. На крајот на краиштата, јас сум вработена во тој суд, ја водам кривичната книга и знам како оди сè. Барам да се закажат предметите кои се пред мене, ако се итни, па тогаш мојот. Дали ќе биде утре, задутре или за еден месец, само да оди според законот – рекла таа за српски „Телеграф“.

Исто така, Самира го потврди пишувањето дека Џенан на секој начин се обидува да го забрза процесот на развод.

– Тој и неговиот адвокатски тим сега ургираат од сите страни тоа да се забрза – заклучила Самира за „Телеграф“.

И додека сите медиуми наголемо пишуваат за неа, Самира ја сменила профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук и покажала колку добро изгледа.


Сите забележале како е дотерана. Самира блеска во елегантна, кафеава комбинација, со исфенирана руса коса и нашминкана.

Коментарите не престануваат да доаѓаат, а луѓето ѝ пишуваат дека е убава и оставаат разни емотикони под објавата.

Фотографија од Самира како изгледала претходно можете да погледнете ТУКА.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....