10:28 - 13 ноември, 2026

(Фото+видео) Сања Кужет отпатува на одмор: Еве каде ужива бремената водителка на „Ѕвездите на Гранд“

Водителката на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет со сопругот го чека третото дете.

Атрактивната водителка е во четвриот месец од бременоста и чека момче, а сега со семејството замина на мини-одмор.

Сања Кужет сè уште не се повлекла од малите екрани, но планира да го направи тоа во наредниот период.

Сепак, таа доста го забавила темпото, па наместо да работи, повеќе се одмара и ужива во природата.

Убавата водителка сега со семејството отпатувала на планина каде ужива во долгите прошетки по снегот.

 

Водителката на својот инстаграм-профил покажа како ги поминува зимските денови.

Сања фотографирала природа, рамнина покриена со снег, а снимила и видео додека шетала по снегот.

 

„Овој звук“, напишала водителката во описот на видеото.

Имено, продукцијата „Гранд“ објави дека таа веќе донела одлука дека оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ нема да ја заврши како водителка на емисијата, туку ќе замине на породилно.

Малку се знае за приватниот живот на водителката. Сања е во брак со Немања Живојиновиќ, маркетинг директорот на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста.

Инаку, ова е втор нејзин брак. Таа има два сина, помалиот Страхиња и постариот Андрија, кои ги доби во првиот брак.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....