17:22 - 8 ноември, 2026

(Фото+видео) Џо Бајден ќе стане прадедо, неговата внука Наоми е бремена

Сè уште актуелен американски претседател Џо Бајден ќе стане прадедо. Неговата внука Наоми Бајден на денот на изборите откри дека го очекува своето прво дете со сопругот Питер Џорџ Херман Нил, пренесуваат странските медиуми.

Наоми ја откри среќната вест на својот инстаграм-профил со фотографија на која позира пред огледало. Така таа го покажа трудничкиот стомак и напиша дека отишла да гласа со своето бебе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NKB (@naomibiden)


Наоми и нејзиниот сопруг Питер се запознаа во 2018 година, откако ги поврза заеднички пријател. Свршувачката ја објавија во 2021 година, а се венчаа во 2022 година на приватна церемонија во дворот на Белата куќа. Нејзините баба и дедо, Џо и Џил Бајден, тогаш рекоа дека било „задоволство да се гледа како расте“ и „да си создава неверојатен живот за себе“.

„Горди сме што таа го избра Питер за свој сопруг и чест ни е што ќе се придружи на нашето семејство. Им посакуваме денови исполнети со смеа и љубов која постојано расте“, изјавиле тие.

Наоми, ќерката на Хантер Бајден и неговата поранешна сопруга Кетрин, е најстарата внука на Џо Бајден. За време на бракот, парот доби уште две ќерки, Финеган и Мејзи. Хантер ја има и ќерката Нави Робертс со поранешната партнерка и синот Бо со втората сопруга Мелиса Коен.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....