19.8 C
Скопје
04:33 - 17 јули, 2025

(Фото) Вака изгледа поканата за венчавката на Зорица Брунлик и Кемиш: Пејачката првпат во животот ќе облече венчаница

Легендата на народната музика Зорица Брунцлик и истакнатиот естраден уметник Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш одлучија по 40 години заеднички живот во чест на својат љубов да  организираат голема свадба и да ги обноват своите брачни завети, а подготовките се наголемо во тек!

Свеченоста, за која ќе се зборува долго време и која целата естрада со нетрпение ја очекува, ќе се одржи на 29 јуни оваа година, а додека сопружниците одбројуваат до гала прославата, откриваме нови детали за сè што ќе се случува, пишува српски „Курир“.

Зорица и Кемиш веќе испечатиле и покани за своите почесни гости. Пораката е напишана со златни букви:

– Пред точно четири децении, се заколнавме на вечна љубов. Годините поминаа, но срцето и понатаму го избира истото. Затоа сакаме, опкружени со оние што ги сакаме, уште еднаш да изговориме „ДА“ – еден на друг и на љубовта што трае. Бидете дел од нашата свеченост за обнова на брачните завети. На местото каде што се среќаваат љубовта и радоста.

Во аглите околу текстот се наоѓаат бели рози, кои симболизираат љубов, слобода, чистота и вечност – сè што ја опишува нивната врска што трае со години.

Поканата за венчавката на Зорица и Кемиш можете да ја погледнете – ТУКА.

Насловот и потписите на српските ѕвезди се розови, што стана синоним за легендата на народната музика, како и нејзин заштитен знак.

Инаку, раскошната прослава ќе се одржи во нивниот дом во Крњача. Овој гламурозен настан ќе се одржи во дворот покрај базенот, па затоа наголемо се работи за да се уреди секој агол за сè да изгледа онака како што го замислиле младенците. Пред куќата ќе бидат поставени шатори, маси и столови, кои ќе бидат специјално декорирани. Исто така, ќе се испочитуваат сите српски обичаи, а деновиве музичката дива и нејзините ќерки специјално избираат декорации од неколку декоратери, кои ги носат своите дизајни.

Што се однесува до храната, таа ќе биде вистинска магија. Менито ќе содржи вистинска домашна кујна, од мезетлук, до највкусни сирења, овошје, месо, разни специјалитети, домашни пити и, секако, неизбежни десерти.

Зорица Брунцлик првпат во животот ќе облече венчаница.

– Верувајте ми, овој спектакл не смее да се пропушти. Тоа ќе биде вистинска српска свадба. Се води сметка за секој детаљ, но можам да ви кажам дека Зорица ќе изгледа прекрасно. Сите во куќата вредно работат за овој ден да биде запишан како убав спомен на семејство кое се цени, сака и почитува – раскажува пријател.

Јасно е дека секој сегмент ќе биде внимателно испланиран: од ексклузивниот амбиент, преку импресивниот список на гости, до забавната програма. Подготовките се во полн ек.

Слични објави

(Фото) „Лудо те сакам!“: Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во љубовна екстаза на плажа, одбележаа 2 години брак

Еспресо

(Фото) Марија Микиќ го посети Острог: По разводот отиде на одмор со своите деца, па покажа колку е посветена на религијата

Еспресо

(Фото) Не сака да го врати познатото презиме? Шокантна огласување на снаата на Кеба, еве што прави по разводот од Игор Којиќ

Еспресо

(Фото+Видео) Душко Тошиќ со ќерките замина на Мајорка: Уживаат во луксузот во местото на кое Џастин и Хејли Бибер ги поминуваат летата

Е.А.

За најскапата песна на српската естрада пејачката издвоила 30.000 евра! Бев лут и ја „лупнав“ цената, вели авторот на песната

Еспресо

Гога Секулиќ за својот син како никогаш досега: Сè изговара кај логопед, но не сака да зборува дома

Еспресо
Се вчитува....