11.8 C
Скопје
16:28 - 21 април, 2026

(Фото) Сите модни изгледи на Лаура Паузини, водителката на Евровизија: Имате ли и вие забелешка дека претера со пресоблекувањето?

Домаќините на Евровизија 2022 не ги разочараа очекувањата ниту во поглед на облеката и изгледот. Алесандро Кателан се одлучи за блескав смокинг Армани, Мика се подели на целосно бело и целосно розево, додека Лаура Паузини како вистинска дива го славеше Версаче со три прекрасни фустани.

Откако се потпре на Валентино и Алберта Ферети во двете полуфинални вечери, Лаура Паузини се фокусираше на Версаче за креациите кои ги носеше на финалето на Евровизија 2022.

Едниот е тиркизниот костум, потоа долгиот виолетов фустан и третиот изглед- целосно златен, дополнет со деколте.

Голема елеганција покажа водителката и пејачка Лаура Паузини, која сепак, според некои, беше премногу „покриена“. Од друга страна, убавината на уметницата и нејзиниот стил лежи токму во суптилното прикажување на сопствената убавина, како во случајот со златниот фустан кој изгледаше како вистински соодветен крај на ова возбудливо модно искуство. Триумф на злато, со материјал кој нежно паѓа на рамениците на пејачката, со само еден ракав и супер шлиц.

Првиот фустан што го видовме на сцената како го носи Паузини, е дизајниран од Донатела Версаче и нејзиниот тим, а успеа да ја трансформира пејачката во божица, наросена со светки и јорговани. За да се збогати креацијата тука беше и медузата, симбол на италијанскиот бренд. Потоа, тука се широките ракави инспирирани од 70-тите и диско музиката, во согласност со волуменозната фризура која го компелтираше модниот изглед.

Пред почетокот на финалето, самата водителка се пофали за своите модни избори.

„Дали сте подготвени за финалето на Евровизија вечерва во 21 часот? – праша таа на социјалните мрежи, а потоа зборуваше за својот изглед – Во текот на оваа последна вечер на сцената ќе носам прекрасни облеки дизајнирани од Донатела Версаче, изработени од извонредните Ателје Версаче. Благодарност до Вог Италија и Франрагаци што ми дадоа можност уште еднаш да презентирам преглед на облеката што ќе ме придружува во текот на вечерта.“

Инаку во текот на вечерта водителката ги истакна своите вокални способности пеејќи 5 песни во досега нечуена верзија.

Слични објави

Мисица почина на 31 година, никој не можеше да ја претскаже оваа трагедија

Еспресо

„Децата знаеја пред мене“: Харис Џиновиќ си ја отвори душата за разводот од Мелина

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо
Се вчитува....