10:42 - 9 ноември, 2026

(Фото) Шерон Стоун го украде „шоуто“ во Кан

Канскиот филмски фестивал 2022 продолжува, а синоќа на црвениот тепих главен лик беше легендарната Шерон Стоун.

Многу богат црвен тепих видовме синоќа во Кан, на шестата вечер на филмскиот фестивал. Валерија Бруни Тедески и нејзината сестра Карла Бруни, Изабел Иперт, Ева Херцигова, Ајрис Ло, Аманда Лир… но пред се Мисицата на основниот инстинкт. Стоун донесе неочекувана возбуда…

Среде нејзиното шоу на црвениот тепих, мала група момчиња ѝ приоѓаат и со магичен допир и помагаат да се ослободи од наметката на Долче и Габана, оставајќи ја да блесне во креација (на Долче и Габана) во необичен модел на фустан во син-бела боја со корсет и „паф“ дизајн на колковите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Волкот го менува влакното, но не и карактерот. Шерон – која бескрајно ја сакаме – е секогаш тука за восхит! Намигнува на публиката и си игра со сопствената харизма.

Изабел Ипер пак, покажа како си игра со модата – пре-кра-сна! – облечен во зелен моден избор на Баленсијага, што ја прави неизмерно попривлечна од сите помлади колешки „спакувани“ во фустани на принцези без трон.

Иста генерација, но малку повеќе мистериозност донесе Изабел Аџани, која од едно во друго јавно појавувањекако да се казнува себеси во се почудни модни комбинации. Овојпат не пропушти ниту сламена шапка за која се трудиме да ѝ најдеме значење.

Карла Бруни уште еднаш ја покажа својата суперсекси силуете, сега во креација на Сен Лорен, со нагласено деколте, а деколтето го покажа и нејзината сестра, режисерката и глумица Валерија Бруни во креација од непознат дизајнер.

 

 

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо
Се вчитува....