-3.2 C
Скопје
00:30 - 9 февруари, 2023

(Фото) Почина Џереми Рулеман, моделот – муза на славните дизајнери: Причините за смртта непознати, беше во цутот на кариерата

Моделот Џереми Рулеман ненадејно почина на 27-годишна возраст. Причината за смртта на младиот американски модел засега е непозната, а меѓу првите кои ја објавија неговата смрт е дизајнерот Кристијан Сириано, кој го сметаше Рулеман за своја муза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Ruehlemann (@ruehlemann)

– Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој беше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот човек, кој им даде толку многу љубов на сите што ги запозна без разлика на се“, напиша Сириано на Инстаграм и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Siriano (@csiriano)

– Ја испраќам сета моја љубов до неговото семејство и пријателите кои изгубија некој толку посебен. Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го гушнам. Убаво одмори се Џереми, сите те сакаме многу. Испратете љубов денес на неговото семејство, ве молам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Ruehlemann (@ruehlemann)

Рулеман претходно студирал психологија, но во 2017 година одлучил да се занимава со кариера на модел. Тој се појави на неколку модни ревии на Сириано, но беше модел и за различни други славни брендови и дизајнери, како Џон Варватос, Џозеф Абуд, Супердрај, Мејсис, Зара, „Ателје Силиан“ и други.

Последен пат на Инстаграм постираше објава пред три дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Ruehlemann (@ruehlemann)

Слични објави

(Фото) Нашата Тијана Петреска се враќа со титула од светскиот избор за најубава студентка

Еспресо

(Фото) Мадона во нејзин стил се пресмета со зајадливите коментари – „Поклонете се кучки“

Еспресо

(Фото) Тажното писмо на Бланко со кое се извинува за скандалот на Сан Ремо: „Ве оставив во солзи како мајка ми, ме видовте кревок како дете…“

Еспресо

(Видео) Полуден пејач направи ‘ршум на Сан Ремо, ја шокираше публиката, го испратија со свирежи

Еспресо

Ѕвезите ќе им помогнат: Два хороскопски знаци многу брзо ќе ги исполнат соништата

Еспресо

Славчо Попоски: Грч студени утра, висок воздушен притисок, а еве кога ќе има мал пораст на температурите

Еспресо
Се вчитува....