8.8 C
Скопје
08:57 - 20 октомври, 2026

(Фото) Ова е 30 години помладата девојка на Бранислав Лечиќ: Јелена работи на факултет и тие се лудо вљубени

Актерот Бранислав Лечиќ објави заеднички фотографии со својата девојка Јелена од која е постар 30 години и со која е во врска околу две години.

Јелена Келеува има 36 години и работи како асистент на факултетот по предмети за цртање и илустрација. Судејќи по објавите на социјалните мрежи, таа сака да се дружи, забавува, често патува и присуствува на културни настани, а многумина изненади со слики од неа како гостинка на радио.

Како што веќе пишуваа медиумите, Лечиќ ја однел Јелена во Дурмитор, на сафари, а бидејќи и двајцата имаат авантуристички дух и уживаат во интересни турнеи, не е чудно што толку добро се сложуваат.

Таа му била голема поддршка на Бранислав во најтешките денови од неговиот живот кога актерката Даниела Стајнфелд го обвини за силување.

Да потсетиме, јавното обвинителство во Белград соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена против Бранислав Лечиќ од Даниела Штејнфелд за кривично дело силување, бидејќи нема основи за сомневање дека е сторено наведеното кривично дело, ниту пак некое друго кривично дело за кое се презема гонење по службена должност.

 

Слични објави

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо
Се вчитува....