13:34 - 29 ноември, 2026

(Фото) Првапат заедно во манастир: Милош Биковиќ со братот-свештеник оддадоа почит на Свети Сава

Филмското остварување, кое премиерно беше прикажана на 25 јануари во Русија, за првпат пред камерите ги собра познатиот српски актер Милош Биковиќ и неговиот брат – архимандрит Михаило Биковиќ.

Јутјуб

Документарниот филм посветен на првиот архиепископ на СПЦ и српскиот просветител Свети Сава на руската режисерка Анжелика Кареткина „Свети Сава: руска боја на српското знаме“ беше прикажан во понеделник во Руска куќа.

Игуменот на манастирот Јованје ја угости режисерката со која разговараше за односот меѓу Руската и Српската православна црква, додека Милош со неа прошета низ манастирот во градот Волоколамск во Руската Федерација и се осврна на српскиот завет што го оставил Свети Сава.

Јутјуб

Заснован на животот на светителот, филмот ја обработува темата на вековните врски меѓу српскиот и рускиот народ.

Филмската екипа од самото срце на Русија и Кремљ го посети Белград и местото каде што беа запалени моштите на Свети Сава и каде што е изграден величенствен храм во чест и спомен на светецот – едно од најголемите православни светилишта.

Јутјуб

Филмот ги прикажува местата што ги посетил Свети Сава – античките планински манастири каде што се молел.

Пред филмот за Свети Сава, оваа режисерка работеше и на филм за Свети Василиј Острошки, а сака да режира и филмска документарна приказна за владиката Николај Велимировиќ, како и за Свети цар Лазар.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....