21.8 C
Скопје
19:04 - 29 септември, 2026

(Фото) Новата фотографија на Саша Броз, внуката на Тито, крена прашина: Сите зборуваат за промената на презимето на нејзината ќерка

Режисерката Саша Броз (57), внука на Јосип Броз Тито, повторно ги трогна своите следбеници објавувајќи фотографија со својата ќерка, сценографката Сара Хас (30). Мајката и ќерката неодамна престојувале во Стокхолм, каде што уживале во заедничкото време, а токму оваа објава повторно покрена прашање кое ги интригира многумина: Зошто Сара не го носи презимето на својата мајка или на својот татко?

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saša Broz (@brozsasa)


Освен што е ќерка на позната режисерка, татко на Сара е актерот Ранко Зидариќ (60). Но, Сара одлучи да го земе презимето на нејзината баба, Херта Хас (Herta Haas). Таа одлука била донесена пред две години, а двајцата родители ја поддржаа во тоа.

„Таа рече дека сака да се ослободи од товарот на нашето презиме. И Ранко и јас знаеме што значи да се носи име кое носи историја и очекувања. Почувствувавме дека нејзината одлука е природна и има смисла“, раскажала претходно Саша за „Екран“.

Исто така, Сара Хас работи како сценографка во Загрепскиот театар за кукли, каде што ја потпишува сценографијата за претставата „Тајниот дневник на Адријан Мол“. Во уметничките кругови, пак, често се зборува дека е исклучително талентирана сликарка чии дела оставаат силен впечаток.

„Иако е скромна, Сара навистина слика фантастично. Во моментот е окупирана со проекти, но сигурна сум дека наскоро ќе се врати во атељето и ќе ја подготви својата четврта самостојна изложба“, гордо порачала Саша.

Саша и Ранко беа во брак шест години, а и покрај разводот, останаа блиски пријатели и соработници. Тие штотуку работеле заедно на претставата „Бакнеж на жената пајак“, која Саша и денес ја истакнува како еден од своите најважни театарски проекти.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо
Се вчитува....