10.8 C
Скопје
09:51 - 20 октомври, 2026

(Фото) Наоми Кембел маѓепса на црвениот тепих во Кан, Шерон Стоун (пак) секси…

Топ моделот ја победи конкуренцијата и се прогласи за најсекси ѕвезда на фестивалот, дури иако синоќа на црвениот тепих на седмата вечер на настанот друштво ѝ правеа преубавите Шерон Стоун, Тина Кунаки и Кристен Стјуарт. Но, пред пантерот на модните писти нема што да се прави …

Годините минуваат, но не за неа: Наоми Кембел маѓепсува на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со непогрешливиот чекор што ја прослави на модната писта. Топ моделот со 52 години вчера на црвениот тепих прошета со спектакуларен фустан од висока мода покриен со пердуви и машнички на рамениците. Црвениот тепих е нејзината модна писта: синоќа сите очи беа вперени кон неа.

Црниот фустан кој го носеше е од колекцијата пролет/лето 2022 на Валентино.

Откако заблеска завчера на црвениот тепих во Кан, синоќа повторно блесна – неповторливата убавица Шерон Стоун, овојпат во зелен и светкав фустан од Долче и Габана.

Тука беше и многу префинетата Тина Кунаки, исто така во зелена комбинација поточно во светлозелен секси фустан од Валентино, а во друштво на поранешниот сопрук на Моника Белучи кој сега е нејзин партнер – Винсен Касел.

Кристин Стјуард пристигна во чудно, необично бело здолниште од Шанел, во комбинација со светкав топ, како да го промашила црвениот тепих.

Меѓу ѕвездите светнаа и Ребека Хол, секогаш се пошик, Меги Гиленхал во Ланвин, Натали Осман, Леа Сејду…

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.
Се вчитува....