21:23 - 27 ноември, 2026

(Фото) Марта Стјуарт на 81 година позираше за „Спортс илустрејтед“

Познатата писателка,ТВ лице и претприемачка Марта Стјуарт позираше за насловната страница на списанието „Спортс илустрејтед свимсјут“ (Sports Illustrated Swimsuit), во костим за капење.

– Кога слушнав дека ќе бидам на насловницата на „Спортс илустрејтед свимсјут“, си помислив „Ох, тоа е навистина добро, ќе бидам најстарата личност досега на таа насловница“. Обично не размислувам многу за годините, но мислев дека ова е некако историско, изјави Марта во интервјуто.

Со своите 81 година, таа влезе во историјата како највозрасната жена што позирала за насловната страница на тоа списание. Таа рече дека новинарите ја контактирале во ноември 2022 година, а снимањето се случило во јануари, оваа 2023 година.

Смета дека да се ​​биде на насловната страница на списанието на нејзини години е предизвик и оти го исполнила успешно. Пред снимањето, вели, вежбала пилатес и неколку месеци избегнувала леб и тестенини. Луѓето со кои работела биле грижливи и се однесувале охрабрувачки.

– Тие ви велат дека изгледате добро. Убаво е тоа. Некако потврдуваат дека е во ред да го правите тоа што го правите. Мислам дека секој треба да размислува да живее добар живот, успешен живот и да не „старее“. Целото тоа стареење е толку досадно, вели Марта.

Покрај неа, за насловницата позираа и глумицата Меган Фокс, добитничката на „Греми“, Ким Петрас и супермоделот Брукс Надер.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....