12:30 - 29 ноември, 2026

(Фото) Легендарното селфи на поранешната финска премиерка и Ана Винтур го крена модниот свет на нозе!

Неколку месеци по повлекувањето од функцијата, Сана Марин (37) навистина ужива во својата новопронајдена слобода.

Поранешната финска премиерка викендов се упати на Модната недела во Париз, каде што го зазеде главно место на ревијата на британската дизајнерка Викторија Бекам – и сподели серија гламурозни селфиња од зад кулисите на гламурозниот настан на А-листата, на кој присуствуваа и Ким Кардашијан. Крис Џенер, Памела Андерсон, Дејвид Бекам и Ева Лонгорија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)


Со светло црвен кармин и модерен фустан со мини ракави со потпис на Викторија Бекам, кој чини 1.024 фунти, Сана – која претходно беше најмладата лидерка во светот – изгледаше повеќе како модна инфлуенсерка и манекенка отколку како политичарка.

Една фотографија, односно селфи се издвојува од серијата фотографии од нејзиниот профил на Инстаграм – Сана Марин позира со уредничката на „Вог“ Ана Винтур.

 

Сана, исто така, сподели фотографии и видеа зад сцената на шоуто, вклучувајќи различни детали за елегантни црни комбинации – вклучително и еден костум којшто го комбинирала со патики бидејќи „обожава да пешачи“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....