5.8 C
Скопје
22:59 - 6 декември, 2023

Хрватите повторно бараат забрана за концерт на Аца Лукас: Каква порака ќе испрати зависник и насилник?

Српскиот фолк пејач Аца Лукас најави концерт во сплитската сала „Грипе“ на 4 ноември 2023 година, а слично како и неговите колеги еден месец претходно, наиде на критики и повик да се забрани неговиот настап.

Овој пат се огласи Татковинското движење на сплитско-далматинската жупанија и остро се спротивстави на концертот.

„Продолжува инвазијата на сомнителни ликови од истокот на хрватската музичка сцена. Овојпат Аца Лукас повторно е во акција, најавувајќи ја премиерата на неговиот автобиографски филм „Покидан“ – трилогијата „Кафана на Балкану“ во салата „Грипе“ во Сплит на 4 ноември 2023 година. По прикажувањето на филмот е закажан концерт на овој српски турбофолкер. Концертот и филмската проекција се закажани ни помалку ни повеќе туку во Грипе – храмот на спортот во Сплит“, наведуваат во објавата на социјалните мрежи.

Тие потоа наведуваат дека се поставува логично прашање: „Има ли во Сплит, во неговите градски структури, некакви критериуми што може да се организира на јавни градски простори?“.

Прашаа и каква порака испраќаат до младите „кога во спортски, јавен објект организираат промоција на филм кој го велича ликот и делото на зависник, насилник и политички застапник на Александар Вучиќ“.

„Денеска е најнормално играчите на Партизан со тетоважа на Дража Михаиловиќ да играат кошарка во срцето на градот, кај Прокуративи. Кога вакво нешто ќе помине без реакција од надлежните, наскоро можеме да очекуваме прослава на годишнината од основањето на Динарската четничка дивизија. Зошто и не би? Каде се градските и државните служби?“, додаваат од здружението.

„Ако не сте знаеле, Аца Лукас е тој што му пеел на капетанот на ЈНА Мирослав Радиќ при неговото испраќање од белградскиот затвор во Хаг. Човекот не го крие тоа, уште повеќе, тој се гордее со тоа“, наведуваат во соопштението, прашувајќи дали е нормално човек „кој во затворот организирал приватен концерт на џелатот на Вуковар, Мирослав Радиќ, непречено да настапува во Сплит?“.

„Во оваа прилика им се обраќаме на сите организации и поединци кои се грижат за зачувување на националниот идентитет и достоинство на Татковинската војна и ги повикуваме да го спречат срамот на кој актуелната градска власт ги изложува Сплит и Хрватска“, се вели во објавата.

Слични објави

(Фото) „Ние како да не старееме“: Зорица Брунцлик објави фотографија на која се собра кремот на естрадата

Еспресо

Анџелина Џоли ја напушта глумата и заминува од „валканиот Холивуд“: Признава дека уште се опоравува од пеколниот развод

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац со новогодишна елка од подот до таванот: Целата блеска во злато

Еспресо

„Ме демне пред куќа“: Софија Вергара побара забрана за приближување на маж кој ја следи

Еспресо

Мишо Ковач излезе од болница, еве како се чувствува легендарниот пејач

Еспресо

Почина српската актерка Јелена Чворовиќ Пауновиќ, позната по улогите во „Среќни луѓе“ и „Семејно богатство“

Еспресо
Се вчитува....