22.8 C
Скопје
16:44 - 19 октомври, 2026

(Фото) Која е убавата Србинка Нина Сеничар што ги собра погледите на Оскарите: Поранешната девојка на Ерос Рамацоти, му го украде срцето на Џеј Елис

Преубава, со прекрасно тело и долга руса коса: еве која е Нина Сеничар и се што (можеби) не знаете за нејзиниот приватен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Нина Сеничар е меѓународно позната манекенка, не само поради важните фази кои и овозможија да го добие ова признание, туку и поради убавината што го одзема здивот.

Србинката од Нови Сад, родена 1985 година, на почетокот на кариерата прво ја маѓепса италијанската јавност, а и многу славни мажи. Сепак, нејзиниот сон за љубов беше крунисан со брак со американски актер.

Нина пораснала во Нови Сад, со нејзините родители – таткото Горан и мајката Славица. Дури подоцна се преселила во Италија каде се посветила на студиите, добивајќи диплома за Менаџмент за култура, уметност и забава на Универзитетот Бикока во Милано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

По специјализацијата, таа докторирала економија на Универзитетот Бокони во Милано.

Но, покрај студиите, Нина Сеничар отсекогаш ја користела својата неизмерна убавина за да учествува на натпревари за убавина, освојувајќи бројни титули, и на модни настани, ревии и рекламни кампањи. Беше дел и од неколку телевизиски проекти, меѓу кои и учеството во „Остров на славните“ во 2010. По нејзиното преселување во САД, таа работеше за Холивуд во различни филмови и ТВ серии.

Во текот на нејзината кариера ѝ се припишуваат бројни флертови: во 2006 година, на пример, се зборуваше дека е во врска со Ерос Рамацоти, додека од 2008 до 2009 година ја поврзуваа со диригентот Ецио Греџо. Нејзината убавина која го одзема здивот го украдоа срцето и на фудбалерот Марко Бориело, со кој остана во врска само една година.

Тогаш, во 2014 година, Нина Сеничар ја запозна љубовта на нејзиниот живот, Џеј Елис, американски актер со кој ја најде среќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Во 2019 година парот го објави доаѓањето на нивното прво дете, кое се роди во ноември истата година. Девојчето го крстија Нора Грејс. Нина и Џеј потоа се венчаа на прекрасна локација во Тоскана, Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Заедно со сопругот, денес Нина Сеничар живее во Лос Анџелес.

Џеј Елис, сопругот на Нина, е роден во 1981 година во Јужна Каролина, а интересно е што и неговата кариера започна како модел и дури подоцна тргна на патот да стане актер, особено откако се пресели во Лос Анџелес.

Во последно време се прослави со улогата во хит филмот Топ Ган: Маверик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jay Ellis (@jayrellis)

Едни од позначајните улоги се оние во сериите Grey’s Anatomy и NCIS, но и во филмовите How I Met Your Mother и Escape Room.

На ноќта на Оскарите 2023 Нина и Џеј Елис се појавија заедно на црвениот тепих. Таа секако го одзеде вниманието.

инстаграм

Потоа забавата продолжи на настанот кој се случи по доделувањето на наградите, организиран од списанието Венити Фер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

 

Слични објави

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.
Се вчитува....