12.8 C
Скопје
04:13 - 30 септември, 2026

Снежана Ѓуришиќ на суд бара 9.500 евра од пејачот и неговата мајка поради клевета дека земала мито

Снежана Ѓуришиќ поднесе кривична пријава за навреда против Душан Вукадиновиќ, кандидат кого го менторираше во „Ѕвездите на Гранд“ и неговата мајка Ната Вукадиновиќ затоа што ја обвинија дека барала поткуп за да го пушти во следниот круг на музичкото шоу.

Како што пишува српски Курир, пејачката преку својот адвокат во тужбата навела дека Душан и Ната ѝ наштетиле на угледот преку средствата за јавно информирање, затоа што кажувале невистини за неа.

Во барањето за обештетување таа наводно навела дека бара двајцата да и платат вкупно милион и сто илјади динари, што е приближно 9.500 евра.

Ѓуришиќ претходно изрази уверување дека кандидатот и неговата мајка биле искористени од, како што вели, трета страна со цел да се уништи музичкото шоу на Ѕвезде Гранда:

– Очигледно е дека беа искористени за уништување на Ѕвезде Гранда и нејзиниот челник Саша Поповиќ. За тоа нема сомнеж!

Ѓуришиќ уште на почетокот ги негираше сите обвинувања и кажа која е вистинската позадина на ваквите обвинувања.

– Бев шокирана од тоа што се случи, па брзо сфатив во која грмушка лежи зајакот. Ние сме жртви на нешто сосема трето, некои луѓе кои имаат сосема други намери. Сакам да кажам и предупредам: Од самиот почеток на Ѕвезде Гранда сум присутна во улогата која беше потребна во дадениот момент. Оттогаш, од 2013 година, интензивно сум членка на жирито, а од 2015 година и музички уредник. Одговорно тврдам дека никогаш не сум забележала дека некој поминал или победил затоа што платил. Ги предупредувам луѓето да бидат многу внимателни кога се осмелуваат да упатуваат обвинувања против нас. Секој што нема релевантен доказ ќе ја сноси целата одговорност. Адвокатот Миша Петровски и неговиот тим ги собираат сите можни документи и сведоци – рече Ѓуришиќ кога прв пат најави дека ќе има и тужба.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....