3.8 C
Скопје
07:17 - 20 октомври, 2026

(Фото) Ќерката на Џони Деп е лезбијка: Лили-Роуз јавно се бакнува со партнерката раперка и се гордее на нивната врска

Најстарата ќерка на Џони Деп е видена како јавно се бакнува со раперката 070 Шејк, а подоцна на Инстаграм девојките ја потврдија нивната врска.

Лили-Роуз Деп ја потврди својата врска со популарната раперка на својот Инстаграм профил фалејќи се дека се 4 месеци заедно.

Таа постираше и фотографијата на која се бакнува со раперката 070 Шејк чие вистинско име е Даниеле Балбуена.

И раперката објави фотографии на својот Инстаграм профил подеднакво горда на романсата со моделката која е ќерка на славниот глумец.

Двете популарни девојки се во врска од јануари. Првите шпекулации дека се заедно се појавија кога двете заедно присуствуваа на Париската модна недела каде си разменуваа нежности, а дури потоа Лили-Роуз Деп прикачи нивна фотографија на социјалните мрежи.

Инаку, убавата Лили-Роуз Деп во минатото имаше и момчиња, а меѓу нив и славните Остин Батлер и Тимоти Шаламе.

Сепак, моделката се обидува да остане далеку од очите на јавноста кога се во прашање нејзините врски, па ретко може да биде уловена од медиумите и папараците. Самата неодамна ѝ рече на глумицата Дру Баримор во едно интервју: „Мислам дека вредноста на приватноста е нешто што ми е всадено уште од рана возраст“, додавајќи дека од мали нозе научила да се грижи за својата приватност зашто растела во семејство кое отсекогаш било во центар на вниманието и така преку родителите (Џони Деп и пејачката Ванеса Паради) научила како да ги чува нештата само за себе.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....