16:55 - 9 ноември, 2026

(Фото) Јелена Ѓоковиќ вози велосипед во нива, во фустан со пруги, без трошка шминка: Вака ужива со Новак по неговата операција

Стилот на сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, секогаш е минималистички и одмерен, а за модните изданија секогаш добива бројни комплименти.

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена уживаат во мир по операцијата на која беше подложен српскиот тениски ас, а таа сега се огласи на Инстаграм за да покаже како го поминуваат времето.

Имено, Јелена сподели фотографии од тајната венчавка на која присуствуваа, за која облече фустан со пруги, а потоа покажа како ужива во природата со Новак и нивните деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Јелена се фотографирала без трошка шминка во кадар одблиску и со очила за сонце на лицето, а потоа додека вози велосипед во нива.

Како Јелена Ѓоковиќ стана вегетаријанка

– Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев ниту во дом со кујна. Така што веганството почна од мака – рекла Јелена.

Таа тогаш изјави дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.

– Бев голем јадеч на месо, и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот буден, со енергија, здрав – рече таа и додаде дека е важен и начинот на подготовка на храната.

– Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз… Деновиве е тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен на тоа да остане здрав и силен. Нашите режими на исхрана се само малку поинакви – заклучила Јелена Ѓоковиќ во една прилика во емисијата „Што сум јас за тебе, а која сум јас за себе“.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....