12:23 - 7 ноември, 2026

(Фото) Покажа што добива: Луѓето не престануваат да ѝ испраќаат приватни пораки на 39 години помладата партнерка на Лазар Ристовски

Легендарниот српски актер Лазар Ристовски веќе извесно време ужива во љубовта со 39 години помладата Аница Лазиќ.

Ристовски минатата недела го прослави 71- виот роденден, а Аница сподели заедничка фотографија и со емотивни зборови му го честиташе најсреќниот ден. Оттогаш постојано добива пораки и од познати и од непознати личности. Аница повеќето од нив ги сподели на својот инстаграм-профил.

 

– Сакајте се без разлика на сè и бидете горди, бидејќи ретко кој ја има привилегијата да ја почувствува вистинската љубов и да ужива во неа. Вие блескате толку вљубени. Слободно можам да кажам дека сум горда на вас и дека сте вистински пример. Уживајте. Секој ден е подарок и живејте го вашиот живот кој е прекрасен – гласела една од пораките.

– И понатаму ми праќате прекрасни пораки. Ви благодарам прекрасни луѓе – напишала Аница покрај објавата.

Да потсетиме, мајката на Аница Лазиќ му го честиташе роденденот на својот зет, кој беше пред неколку дена и со тој потег јавно ја поддржа нивната љубов.

– Среќен роденден, витез на храброста! – напиша Анкица, со низа емотикони.

 

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....