02:48 - 8 ноември, 2026

(Фото) Еве каде живее Шакира со децата во Мајами: Куќата од соништата има шест спални соби, седум бањи, две дневни, базен…

Шакира најпосле се пресели со двете деца во Мајами, оставајќи ги спомените за поранешниот партнер Пике, во Барселона, а многумина се љубопитни каде сега ќе живее пејачката.

Шакира се враќа во прекрасниот, огромен, луксузен дом во Мајами, кој за нејзина среќа, иако беше ставен на продажба во 2018 година, не успеа да ја постигне посакуваната цена и така си остана се уште нејзин.

Луксузниот имот е лоциран во една од најексклузивните области на Мајами.

Шакира го купила во 2001 година и моментално се проценува дека вреди повеќе од 17,5 милиони долари, додека цената (при неуспешната продажба во 2018 година) била 11, 8 милиони.

Денес пејачката повторно виде токму во оваа куќа идеално место за започнување на новиот живот.

Куќата е во бела боја и уредена во минималистички стил, има два ката распоредени на 750 квадратни метри, како и приватно пристаниште и спектакуларен поглед на морето.

Располага со голем надворешен базен во градината.

Првиот кат од куќата е целиот дизајниран со големи стакла и од сите соби има фантастичен поглед.

Куќата има 6 спални соби, 7 бањи и две големи дневни соби, една уредена во ориентална декорација и друга просторија со билијард.

Кога станува збор за реновирање на домот, купен во 2001 година, Шакира не се воздржувала. Влезна врата е увезена од Европа, дрвениот под од Шпанија, целосно обновена е главната бања и сосема е уреден дворот.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....