03:00 - 8 ноември, 2026

Два месеца по смртта на гламурозната Ракел Велч е објавено од што починала

Светските медиуми на 15 февруари објавија дека холивудската актерка Ракел Велч починала по кратко боледување.

Речиси два месеци подоцна, ТМЗ објави дека познатата актерка починала од срцев удар и Алцхајмерова болест.

Ракел е родена на 5 септември 1940 година во Чикаго, а поради убавината и „раскошните облини“ беше секс симбол во седумдесеттите години на минатиот век.

Таа ги одигра најпознатите улоги во филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години пред Христос“.

Покрај тоа, таа имаше забележителни улоги во продукциите „Чудотворец“, „Тројцата мускетари“, „Четирите мускетари“ и други.

Таа беше мажена четири пати, а последен сопруг беше Ричард Палмер.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....