18.8 C
Скопје
15:43 - 11 март, 2026

(ФОТО) ДАМА ВО ЦРВЕНО: Агнеса Органџиева по повод својот роденден организираше луксузна прослава

Луксузна торта на два спрата, гарланд од стотици балони во црвена и златни боја, неодоливи подароци и многу цвеќе беа само дел деталите на грандиозната прослава на прекрасната Агнеса Органџиева, правник, мајка и инфлуенсерка.

Органџиева својот роденден го прослави во кругот на своите најблиски пријатели во еден скопски локал, а главни гостинки на прославата беа нејзините две прекрасни ќерки, Вивиен и Тифани.


Агнеса е дама во вистинска смисла на зборот, жена која го негува своето тело, но и својот дух. По осумнаесет години брак со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК, Роберт Орданоски, Агнеса реши да стави крај на заедничкиот живот и да продолжи понатаму.

И покрај бројните осуди од јавноста, дека токму таа е виновна за тој развод и дека била заедно со Роберт само поради парите во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Органџиева им одговори на сите кои си дозволија јавно да ја навредуваат и напаѓаат.


Органџиева во неодамнешното интервју за „Бекстејџ“ изјави дека се омажила од љубов, а доколку било за пари како што некои си дозволија да зборуваат тој брак нема да траел цели 18 години, дополнувајќи дека споделувањето на приватниот живот околу одлуката за развод од страна на нејзиниот сопруг Роберт на социјалните мрежи било направено во бес.

Таа и нејзиниот поранешен сопруг по разводот одлучиле да останат добри пријатели, пред сè за добро на нивните ќерки.


Агнеса има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние преку фотографиите кои ги објавува на својот инстаграм – профил. Многу мода, внимателно избрана козметика, како и фотографии од нејзиниот дом и моменти поминати со блиските пријатели и ќерките.

Кога е убавината во прашање, само погледнете ја мајката на Агнеса и ќе забележите дека во овој случај убавината е наследна. Органџиева нема ниту една естетска корекција на своето тело, во прашање е посветеност, нега и грижа кон сопствената убавина и здравје, а секако важна улога игра и генетиката.

Единствени козметички корекции кои ги има направено на своето тело се корекција на контурите на усните и јапонска корекција на веѓите.

Дама во црвено, Агнеса блескаше на својата роденденска прослава, а ние и посакуваме остварување на сите замислени желби.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....