09:07 - 11 јули, 2026

(Фото) Пласидо Доминго направи спектакл во Скопје! Музичко уживање за сите сетила

Шпанскиот тенор Пласидо Доминго синоќа одржа спектакуларен концерт во арената „Борис Трајковски“. Пласидо Доминго за првпат во својата импресивна кариера одржа концерт во Скопје.

Доминго заедно со Марија Хосе Сири, една од водечките светски сопрани, во придружба на оркестарот на Народната опера и балет и под диригентската палка на страсниот и енергичен Жорди Бернасер од Шпанија пружија двочасовно незаборавно музичко доживување.

Излегувањето на Доминго на сцената беше крунисано со громогласен аплауз, со чести и многубројни извици на афирмација од публиката, кои се проткајуваа во текот на целиот концерт.

Фото: Драган Митрески
Фото: Драган Митрески

Со комплетно владеење со сцената, со моќен глас кој одекнуваше во салата, Доминго на синоќешниот концерт беше брилијантен и покажа зошто е еден од најголемите уметници.

Репертоарот го сочинуваа арии и дуети од богатиот опус на оперите на Верди, Пучини и Белини.

Марија Жозе Сири – една од водечките сопрани во светот, одлично им парираше на оперската ѕвезда и страсниот диригент, кој од 2012 година соработува со Пласидо Доминго.

Настапот на Марија Жозе Сири, и соло и во дует со Доминго, беше полн со емоции, а публиката желно ја впиваше секоја од нив.

Првиот дел од концертот опфати дела од италијанската музичка литература, а во вториот дел Доминго го претстави шпанското музичко творештво и неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар.

Фото: Драган Митрески
Фото: Драган Митрески

Во првиот дел на концертот, Доминго заедно со италијанската сопранистка Марија Жосе Сири ги оживеа мелодиите на Пучини, Верди и Белини, додека по 15-минутната пауза, програмата беше малку поинаква. Доминго ја внесе публиката во светот на шпанската музичка традиција со дела од Штраус и Лехар.

Публиката со непрекинат аплауз го врати на бис големиот уметник.

Фото: Драган Митрески

Слични објави

Маја Вукичевиќ се присети на нејзиниот настап на „Макфест“

Еспресо

Хороскоп за 11 јули: Скорпиите ќе добијат неочекувани пари, Близнаците ќе имаат ситни проблеми со партнерот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо
Се вчитува....