3.8 C
Скопје
06:52 - 20 април, 2024

ЕВРОВИЗИЈА 2022: Македонците гласаат, погледнете кои ни се конкурентки од Шпанија и Албанија

66-тото издание на Евровизија годинава ќе се случува во Торино, Италија, од 10 до 14 мај. Музичкиот настан ќе се одржи под слоганот Звукот на убавината (The Sound of Beauty) – слоганот ги обединува звукот (односно песните на Евровизија) и убавината (сфатена како симбол на Италија). Слоганот е всушност синтеза на музиката и уметноста, каде уметничката убавина, која ја симболизира Италија во светот, се обединува со музичката убавина, која ќе биде обединета преку песните на 41 земји учеснички.

Додека во најголем дел од земјите учеснички во тек се организациите на локалните фестивали на кои ќе се одбира нивниот претставник на Евровизија 2022, Шпанците веќе ја одбраа својата претставничка која ќе патува за Торино. Тоа е 31-годишната Кубанка, натурализирана Шпанка, која победи на Бенидорм фест, фестивал кој се реобнови после 15 годишна пауза, трансформирајќи се во шпански натпревар за Песна на Евровизија.

Заводливата Шанел од Шпанија ќе отпатува во Торино со песната SloMo. Новата шпанска претставничка ќе настапи во финалето на Евровизија на 14 мај.

Само за три дена видеото на  Шанел собра над 1.310.000 прегледи.

И Албанија веќе го избра својот претставник на Евросонг. Изборот се случи неодамна на албанскиот музички фестивал Festivali i Këngës, а по тридневно претставување на 20 натпреварувачи, жирито го даде гласот на Ронела Хајати која ќе настапи во Торино со песната Секрет.

За прв пат во историјата на Фестивалот, изведувачите можеа да изведат песна на јазикот што го посакуваа за финалната вечер, па 32-годишната пејачка ја изведе својата песна со рефрен на англиски јазик.

 

На 25 јануари, во Музејот на античка уметност, Палацо Мадама, во Торино се одржа ждрепката за полуфиналето на Евровизија 2022, па веќе е познато дека претставникот/претставничката на Македонија ќе настапува во вториот дел на второто полуфинале, односно на 12 мај.

Во Македонија пак во тек е гласањето за избор на претставник/чка од понудените шест кандидати, а може да се гласа до пето,к 4 февруари, денот кога ќе се знае кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022 во Торино.

СЛУШАЈ И ГЛАСАЈ: Ова се шесте песни во трка за претставник на Евровизија

Организаторите на големиот музички настан во Торино веќе го објавија проектот како ќе изгледа салата, а градот полека почнува да се разубавува во евровизискиот дух.

За сега цената на влезниците не е официјално објавена, но според италијанските медиуми, влезниците ќе бидат во опсег помеѓу околу 80 евра за местата најоддалечени од сцената во полуфиналето до околу 250/300 евра за подобри места и за финалната вечер.

Слични објави

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо
Се вчитува....