25.8 C
Скопје
16:21 - 29 март, 2024

ЕРОТСКИ МУАБЕТИ: Истражување на женската сексуалност во рамките на градот

секс

Женските муабети почесто од што заслужуваат се осудени на „подземни места“. Темата на женската сексуланост не е лесен потфат во патријархалните лавиринти, но без разлика на леснотија на четивото, апсолутно е потребна нејзина разработка.

Во разговорот со Екатерина, девојка од Скопје (27), се разбира тоа не ѝ е вистинското име – туку своеволно избран псевдоним, дознаваме како да се забавувате и уживате во сексот без над вас да демне чад на осуда.

Ти веруваш во сексуална слобода, дали ја уживаш во општество како нашето кое ја доживува еротиката како табу? Дали се соочуваш со осуда за промискуитет или апетитите на либидото ги чуваш во тајност?

– Еротиката ја уживам приватно, не можам да ја споделам со некој со кој не ми е удобно и не ми е истомисленик и што сè уште ги следи, нормите и правилата на измислен општествен систем кој сексуалната слобода му ја нуди само на мажите. Да, осудата за промискуитет е неминовна, дури и од најблиските и затоа моите апетити некогаш, скоро секогаш(се смее н.з.) ги чувам во тајност, бидејќи од мене се бара објаснување за однесувањето.

Каков совет би им дале на читателите? Како да заведеш некој во бар, кафич?

– Клише е, АМА, биди своја и уживај во благодетите што ги дала мајка природа. Биди жената која заслужуваш да бидеш и глава горе. Можам да споделам со вас една ситуација кога со другарки бев во Кино Карпош. Пиевме коктели и очите ми залутаа накај шанкот затоа што сакав да видам кој го приготвува вкусниот пијалак пред мене. Ни се сретнаа очите, се насмевна и помислив дека можеби не се фокусира само на правење пијалаци туку на некој што седи спроти него. Разменувањето на погледи и насмевки траеше цела ноќ и по третиот „Whiskey Sour“ кој стигна на маса со импровизирано срце од кора од портокал, решив дека треба да се претставам. Другарките, истомисленички ме поддржаа во походот и отидов на шанк. Прво прашав, „Дали имаш девојка?“, одговорот беше „Не“ и го прашав „Дали си расположен да ми го дадеш инстаграм-профилот“. Го зеде телефонот од мојата рака и се споивме онлајн. Разговорот престана тука, си го зедов телефонот и си заминав. По пет минути познавајќи ја (донекаде) психологијата на мажите знаев дека ќе пише и така и се случи. Кога кафичот стави клуч на врата, јас го отворив клучот на својата врата (се смее н.з.). Ноќта си го направи своето. Ја споделувам случката како проверен метод. Не мора да значи дека секогаш ќе биде успешен, меѓутоа животот е низа на пропуштени прилики, зошто да не ги искористиме тие што се нудат?

Кои се најдобрите места во Скопје, да однесеш некој дома на крај на вечер? Секс на јавно место во градот? Препораки и тајни места?

– Да се надоврзам, Кино Карпош би го препорачала, само подалеку од шанкот(се смее н.з.), Салун е исто добра идеја. Ако сакате да се чувствувате „пош“ – Трибека, Мош. Интермецо исто. 1212, ако си ноќна птица, а ако сакаш да уживаш само во интелектуален разговор тогаш Котур, Ван Гог и Мистер Џек – швалерското место во градот. Избегнувајте кафани по секоја цена. За јавни места: Градски парк во ноќните часови, има еден пролаз измеѓу Олимписки базен и зградите во кој ако доволно добро ја избегнеш светлината на ламбата ќе се забавуваш. Во Кисела Вода има едно дрво спроти општината кај старите згради што е толку големо, може да покрие цела оргија(се смее н.з). Што е важно? Носете фустан, без разлика колку е ладно. А, ако аутфитот ви се состои од кошула и пантолони носете долго палто или само однесете го дома.

Која е етиката на однесување по секс за една вечер? И според тебе, колку младите се отворени за едноноќна авантура?

– Зависи од сексот. Ако сексот е добар и разговорот меѓу партии ми годи останувам во контакт со него, ако сексот е подпросечен и сме размениле социјални мрежи, следува блокирање, а ако не сме размениле социјални мрежи и тој го наведува разговорот кон „следен пат“, отворено, диреткно и искрено му кажувам дека нема да има следен пат. Однесувањето зависи од квалитетот на односот.

Во Македонија скоро сите што сум ги запознала не се баш отворени за тоа и не знаат што би направиле. Скоро, една пријателка ми кажа „Не сум девојка за една вечер, бидејќи не знам како да го правам тоа“, додека на местата каде што сум била надвор од Македонија секс-културата е на друго ниво или барем моето опкружување било такво. Заклучокот е: Уживајте во својата сексуалност како што ви е удобно. Секс за една вечер не е за сите.

Дали припаѓаш на таборот „брз секс, спора љубов“ или не практикуваш да се врзуваш емоционално со љубовниците? Доколку не практикуваш, зошто?

– Ми се случило тоа „брз секс, спора љубов“, а на тој со кој што сум била да му биде „брз секс, брза љубов“ и сум била разочарана. Не се врзувам емоционално затоа што мислам дека не ми е време и не сум го нашла тој што може да ме следи во чекор во секаква смисла на зборот. Исто, се должи на неколку љубовни разочарувања, па можеби вака си го заштитувам срцето. Можеби пристапот не ми е најдобар, ама ќе покаже времето.

Што значи „секогаш да се биде спремен“ и дали е возможно?

– Главен совет: ако си излезена секогаш имај во чантата влажни марамчиња, дезедоранс и мини крем за тело. Не е секогаш возможно „да бидеш спремен“ и ако некој го носиш дома, биди доволно храбра и директна да кажеш „Одам да се туширам“.

Најважно! Бидете безбедни во секој поглед, имајте секс ако ВИЕ сакате да имате секс и не значи дека ако со некој уживате во интелектуален разговор дека мора да му ги дадете чудата на вашето меѓуножје, заклучува Екатерина.

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....