03:51 - 8 ноември, 2026

Емина Јаховиќ на 17 години побегнала од дома за Аладин: Погледнете како изгледа нејзиниот прв сопруг! (ФОТО)

Пејачката Емина Јаховиќ на свои 17 години се омажила за Новопазарецот Алдин Џуловиќ, меѓутоа по само шест месеци ти се развеле.

Емина на својата прва свадба носела венчаница, а интересно е дека имала скроз кратка коса, односно само еден сантиметар. Пејачката истакнала дека дури после тоа сфатила дека бракот е сериозна работа.

Фото: Инстаграм

– Не бев дури ни полнолетна. Убаво беше, имав убава венчаница и прекратка коса, сантиметар и пол. Убави се тие сериозни работи да ви се случат додека сте млади. После тоа кога ќе задоцните, тогаш е малку посериозна ситуацијата – рекла Емина.

Поранешниот свекор на Емина, Рустем кажал дека проблем во бракот на пејачката и неговиот син настанал кога таа изрази желба да стане пејачка.

– Се беше во најдобар ред додека Емина не посака да стане пејачка. Некако тоа ја привлекуваше, сцена, публика и се што носи тој свет. Многу сакаше да биде популарна, ама ние мислевме дека тоа ќе и помине. Они двајца живееа со нас и Емина се повеќе сакаше да го сними првиот албум. И кажав дека во мојата куќа не може да биде пејачка, туку семејна жена која ќе води сметка за куќата, децата – раскажал Рустем за домашните медиуми.

Аладин Џуловиќ (44) денеска е среќно оженет, како и татко на три деца. Тој и понатаму живее во Нови Пазар, каде има сеемен бизнис.


Погледнете како изгледал првиот маж на Емина Јаговиќ (десно на фоката).

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....