11:22 - 7 ноември, 2026

Екстремно топло, но овие два дена се исклучок! Прогноза на Славчо Попоски, метеопрогнозер

– Продолжуваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури на воздухот, и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Времето и во следните денови во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. Исклучок ќе биде среда и четврток, кога во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ.

Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Поголеми услови за нестабилност ќе има во среда и четврток и тоа во попладневните и во вечерните часови. Температурите ќе се искачуваат до близу 40 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....