05:21 - 28 ноември, 2026

Џони Штулиќ сподели никогаш необјавени концертни снимки од култниот бенд „Азра“! (ВИДЕО)

Легендарниот музичар Џони Штулиќ на својот канал на Јутјуб, на кој се потпишува како Петровиќ Петар, објави снимка под наслов „Азрино сунчано дно“, на која можете да преслушате повеќе од два часа живи свирки од неговиот бенд „Азра“.

Станува збор за збирка од 50 песни, со одбрани композиции од првите сингл плочи и албумите „Азра“, „Сунчане стране улице“ и „Равно до дна“.

Исто така, видео-материјалот вклучува и бонус од досега необјавени концертни снимки.

За потсетување, првиот албум на „Азра“ е објавен во 1980 година и важи за еден од највлијателните деби албуми во историјата на југословенскиот рок.

Со „Азра“, Џони Штулиќ за само осум години сними дури 11 албуми.

Во продолжение слушнете како звучи „Азрино сунчано дно“:

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....