04:59 - 9 ноември, 2026

Џони Деп вчера во судницата се појави со вратоврска што му ја подарил српскиот претседател Вучиќ и има посебно значење

Судењето меѓу поранешната двојка, Амбер Херд и Џони Деп, продолжи вчера во Вирџинија, а актерот носеше сиво одело, сина кошула и вратоврска што ја добил од Алесандар Вучиќ за време на неговата посета на Србија.

Yoyutube

Вратоврската има посебно значење

Станува збор за вратоврска инспирирана од деталите на мозаикот на храмот Свети Сава. Цената на оваа вратоврска е околу 85 евра.

„Мозаикот на вратоврска е дел од мозаик колекцијата и е направена од природна свила. Инспириран е од детали од мозаикот на храмот Свети Сава“, стои во описот на веб-продавницата.

принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во февруари годинава го одликуваше холивудскиот актер кој дојде во Белград каде што доби златен медал за заслуги во културата и јавните дејности, како и за промоција на Србија во странство. Тогаш Деп спомна дека во Србија најмногу му се допаѓаат ќебапите и сливовата ракија.

Вучиќ и Деп очигледно сакаат да добиваат интересни подароци, па минатата година претседателот на Србија доби необичен подарок од актерот.

„Почестен сум со доаѓањето на Џони Деп во нашата земја, особено сум му благодарен за прекрасниот подарок Johnny Puff – Silent Sparrow“, напиша Вучиќ со фотографија на која ја разгледува шарената фигура.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....