37.8 C
Скопје
18:30 - 20 август, 2026

ЏИМ КЕРИ НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ФИЛМОТ: Причина? Сосема различна од онаа на Брус Вилис!

Instagram

Неколку дена по збогувањето на Брус Вилис со филмот, уште една холивудска ѕвезда на блокбастери, исто така, одлучи да го напушти шоубизнисот, односно киното, но причините се многу различни!

Ако ѕвездата на Die Hard и Pulp Fiction беше принудена да се пензионира поради дијагностицирана афазија, на актерот на култните филмои The Mask и The Truman Show едноставно му е доста!

„Па, да, јас се повлекувам. Да, најверојатно. Јас сум прилично сериозен за таа одлука“, изјави Џим Кери за Variety во новото интервју.

„Единственото нешто што би можело да ме натера да не се повлечам, е ако ангелите ми донесат сценарио напишано со златно мастило, сценарио кое кога ќе го прочитам разбирам дека крие приказна толку важна што мора нужно да ѝ се каже на јавноста. Инаку…“

Потоа ктерот додаде: „Навистина уживам во мојот нов тивок живот и навистина уживам во сликањето на платно и го сакам духовниот пат што го следам. Чувствувам – и ова е нешто што ниту една славна личност по мене никогаш нема да го каже- чувствувам дека ми е доста. Направив доста и доста ми е“.

Иако зборот пензионирање може да биде страшен, обожавателите на Џим Кери треба да се навикнати на долгата пауза на актерот: објавувањето на „Sonic the Hedgehog “ во 2020 година ја означи првата голема улога на Кери во студиски филм по продолжението на „Глупавиот и поглупавиот“ од 2014 година. А во меѓувреме ѕвездата се појави само во независните филмови The Bad Batch и Dark Crimes, во ТВ серијата Showtime Kidding и како водител на „Saturday Night Live“, каде во 2020 година ја играше улогата на Џо Бајден во шест епизоди.

Во овој момент, Sonic 2 може да биде последната улога на Џим Кери, па ако сте негов обожавател, погрижете се да си обезбедите билет. Филмот ќе има европски премиери околу 7-ми април, а веројатно во текот на април и кај нас ќе го гледаме.

 

Слични објави

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.

(Фото) „Сестринска моќ“: Наташа и Кристина Беквалац уживаат на луксузна јахта на Миконос

Еспресо

„Се обидовме, не успеавме“: Душко Тошиќ јавно го потврди раскинувањето со Нора

Еспресо
Се вчитува....