00:02 - 29 ноември, 2026

Дали е можно да изгледа вака само 23 дена по породувањето? Катарина Живковиќ роди син и има совршена линија

Пејачката Катарина Живковиќ ја изненади јавноста со веста дека е бремена, а пред 23 дена се породи и сѐ чуваше во строга тајност. Нејзиниот партнер, чие име не го открива извесно време, бил со неа за време на породувањето, а парот решил да го именува својот син Стефан. Иако изминатиов период Катарина реши да се држи подалеку од медиумите, неодамна ја објави првата фотографија по породувањето, со што многумина се воодушевени од нејзиниот изглед.

Имено, откако не помина еден месец од породувањето, таа реши да оди на пријатен ручек во популарен ресторан покрај реката, во друштво на своите пријателки. Нејзиниот изглед беше неверојатен, а голите раменици се истакнаа во летна облека, додека лицето го штитеше со очила за сонце.

 

Фотографијата која Катарина ја објави предизвика лавина комплименти за нејзиниот изглед по породувањето. Многумина беа изненадени и воодушевени, коментирајќи дека изгледала фантастично само 23 дена по породувањето.

„Честитки за изгледот“, „Дали е можно да изгледа вака 23 дена по породувањето“, „Аууу“, „Па си се грижи за себе жената, тоа е тоа“ – ова беа само дел од коментарите кои ја следеа фотографија.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....