30 C
Скопје
18:09 - 10 јули, 2026

Да се кладиш на погрешни „типови“ и да добиеш, ееее тоа се вика ќар од небо

Живеачкава е жива смешка. Да се кладиш на погрешни „типови“ и да добиеш, ееее тоа се вика ќар од небо.  

Драмата почнува во дневна соба. Пред мене два билтена со спортска прогноза, чаша вино и пилешки копани. Едниот билтен е „Копачка“, другиот е „Спортски живот“. Гледам во едниот, гледам во другиот билтен и така половина час. Ќе играм на Босна и Херцеговина – Финска и ќе играм на Лихтенштајн – Латвија. Не ме фаќајте за збор, ама отприлика така беше (имам амнестија, некои го викаат анестезија, добре де анорексија). И си велам, човек, ако си мангуп, играј ги и двете икс, што би се рекло нерешено. Шансите се ептен мали дека Босна нема да ја згази Финска што сака да влезе во Нато (а Турција не ѝ дава) а уште помали дека аматерите од Лихтенштајн ќе земат бод со Латвија која може да ги прегази додека кажеш кекс. Или секс, сеедно! Во билтенот гледам дека прогнозите ама баш ич не се на моја страна, но не се зачудив бидејќи сум труп за фудбал. И кошарка. И атлетика. За хокеј сум ок, но да не се лажеме, секогаш заспивам во првата третина од натпреварот, а пакот го гледам само со два пара очила.

УПЛАТА

Во ред, одам да уплатам во „Копачка“, фрлам цели 60 денари, што ќе каже 30 денари по ливче… Заминувам задоволен, ама од умот не може да ми излезе типката што ми ги зема парите која ме измерка од главата до петиците со поглед кој велеше – а бе кој е овој абдал?…

Не можев да сфатам зошто таков прекорен поглед, па и јас сум само „животиња што се клади“, човек што се надева на невозможното без разлика дали е тоа Босна, Финска, Лихтенштајн или Литванија… Пардон, Латвија беше! Ај да не тупам, само што излегов од кладилницата (обложувалницата што никој така не ја вика) на придушената приквечерина гледам што сум типувал: Холандија – Полска нерешено и Унгарија- Германија нерешено… Холанѓаните тепаа сè живо и диво, Германците земаа скалп на десетици репрезентации, а јас сум типувал нерешено среде Ротердам и Пешта… А, бе, овој не е мојот тип, ми идеше да крикнам, ама во секунда сфатив дека грешката е моја – наместо од „Копачка“, моите типувања биле од билтенот на „Спортски живот“ што ќе каже исти кодови – други „типови“, слично на поговорката „исто срање – друго пакување“. Ај да појаснам до крај колку сум изветреан, наместо да идам да уплатам во „Живот“, јас уплатив во „Копачка“…

ЕПИЛОГ НА ОВАА АМАТЕРСКА ДРАМА

Сабота, 21 часот. Холандија изигра два-два со Полска и утна пенал во последната минута.

Унгарците поведоа со еден нула, Германците едвај изедначија и натпреварот заврши нерешено…

Види мајката, на погрешни типови јас добив. Вложив 60, земав цели 200 денари. Нецели, две литренца бензин. Кој ти ги дава?

Нема врска, ќефот е голем. Конечно сфатив дека и од промашени „типови“ може да се има ќар.

П.С. Босна ја победи Финска, Латвија го згази Лихтенштајн. Фактички, ако ги уплатев моите типови во „Спортски живот“ ќе ги промашев и двата натпревара.

 

Слични објави

(Фото) Емина Јаховиќ на одмор со синот Јавуз: Во костим за капење и без шминка ги воодушеви следбениците

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо

Јелена Карлеуша откри низ каква криза финансиска поминувала и јавно му се заблагодари на Жељко Митровиќ: „Ми подаде рака кога ми беше најтешко“

Еспресо

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо

Босна и Херцеговина нема да настапи на Евровизија ни во 2027 година

Еспресо

(Фото) Му прекипе на Бајага — го навреди следбеникот со „примитивен коњ“ по жестока расправија на Инстаграм

Еспресо
Се вчитува....