21.8 C
Скопје
12:18 - 29 март, 2024

Колку чинеше свадбата на богаташот Алан Хауард? Милион за Лејди Гага, 1.300.000 за вилата, уште толку за огномет и цвеќиња…

Вчера се случи венчавката од соништата: 1.300.000 евра чинело само изнајмувањето на вилата Олмо. Милијардерот Алан Хауард се венчаше со готвачката на веганска храна, Лејди Гага ги забавуваше гостите од бината, секако со песна, а присуствуваа бројни ВИП личности седнати на луксузни столици декорирани со цвеќиња, а имало и огномет.

Британскиот милијардер Алан Хауард се ожени со познатата готвачка Керолин Бајрон и ја избра Италија за да го изговори судбоносното „да“. Конкретно, тој ја сакал вилата Олмо на езерото Комо и за тоа платил 1.300.000 милиони евра, бидејќи барал вилата (сосе градината) да остане затворена речиси еден месец. Но, не недостигаа полемики, а локалните жители се бунеле и протестирале, сепак, милијардерот го имал главнит збор.

Алан Хауард (56) Форбс го проценува на 1,6 милијарди долари. Така, како што важи за вакви случувања на ултра-богатите, тој не штедел пари за да направи свадба од бајките, па ја засенил дури и толку (о)зборуваната луксузна свадба на Бруклин Бекам и Никола Пелц! Со таа разлика што во овој случај станува збор за втора церемонија, односно втора свадба со истата личност. Всушност, Хауард се ожени за прв пат со Керолин Бајрон во 2020 година, но првата венчавка тогаш била во строга тајна. Од друга страна, тоа беше и година на ширење на пандемијата и било невозможно да се прави свадби со многу гости.

Но, сега Алан и Керолин сакале да ја направат венчавката со стил: локација од соништата како Вила Олмо, ВИП гости, вклучувајќи ги и Викторија Силвстед, Пикси Лот и нејзиниот сопруг Оливер Чешир, ексклузивен концерт на Лејди Гага која се претставила на сцената со блескав фустан во стилот на Мерлин Монро, и огномет. Гага за оваа вечер инкасирала од милионерот нешто повеќе од милион евра!

принтскрин

Протести пред „збеснатата“ свадба

Еврејската церемонија се одржала под луксузна тенда, украсена со бели цветови, лилјани и рози, а со цвеќиња била украсена и целата Вила Олмо.

Замокот од осумнаесеттиот век со своите градини бил затворен за јавноста речиси еден месец. Ова предизвикало негодување кај жителите кои протестирале заради затворањето. Но, од друга страна, Хауард скапо го платил тоа, повеќе од еден милион евра (поточно 1.300.000 евра) за сето тоа да го има за себе и да го постави според неговите барања.

Лејди Гага вечерва пее на најбогатата свадба на годината: Се жени милијардерот Алан Хауард

Кралска венчаница

Свадбата била навистина кралска. А една принцеза и би можела да била меѓу гостите –  принцезата Беатрис од Јорк, која е блиска пријателка на невестата, но, таа сепак не присуствувала на свадбата.

Невестата избрала долг, традиционален бел фустан со меко, широко здолниште и превез од тул под кој косата ѝ била уредена во пунџа.

Младоженецот, пак, бил во темно одело. Пред вистинската церемонија, Каролин Бајрон носела елегантен бел цветен фустан. Чантата и чевлите биле од марката Диор.

Слични објави

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо
Се вчитува....