25.8 C
Скопје
20:11 - 9 септември, 2026

Каде оди наследството од 30 милијарди евра на милијардерот Леонардо Дел Векио; што добиваат директорите, а што децата

Си замина италијанскиот милијардер Леонардо Дел Векио, но едно од најпоставуваните прашања е кому оди наследството? 

Визионер, брилијантен претприемач, пријател на многумина и неверојатен човек. Со овие зборови Luxottica официјално се збогува со основачот Леонардо Дел Векио. А светот се прашува кој ќе го собере наследството. Помеѓу индустриските бизниси и финансиите тој остава наследство во вредност од над 30 милијарди, капитално богатство, кое треба да се подели меѓу наследниците: шест деца од три различни придружнички. Тоа се компаниите: ЕсилорЛуксотика (32,2%), Ковивио (27,2%), Медиобанка(19,2%), Џенерали (9,82%) и Уникредит (1,9%).

Претприемачот пред смртта подготвил упатство за водење на компаниите и распределба на функциите и на имотот, со помош на адвокатот Серџо Ереде, за да ги обезбеди компаниите и финансиските акции од можни семејни спорови. „Клучот“ на холдингот Делфин, со седиште во Луксембург, му го доверил на Франческо Милери, менаџерот со голема доверба кај основачот на Луксотика и поранешен извршен директор на Essilor-Luxottica, кој исто така се очекува да го води Делфин.

Шесте деца на Дел Векио наследуваат 12,5% од капиталот на финансиската компанија Делфин, а неговата сопруга Николета Зампило 25%, ова го објаснува во извештај Морган Стенли.

Првите три деца, Клаудио, Мариса и Паола, се родени од бракот со неговата прва сопруга Лусијана Нерво. Сегашната сопруга Николета Зампило, мажена двапати, е мајка на Леонардо Марија. Од третата партнерка Сабина Гроси ги имаше Лука и Клементе.

Статутот предвидува секоја одлука да има согласност од трите гранки на семејството. Потребно е и мнозинство од 88% за изборот на раководството. Во бордот на Делфин се Марио Нотари, Ромоло Бардин, Алојзе Меј и Џовани Џаломбардо, а ним ќе им се придружи и Милери. Статутот предвидува и 5-те директори на холдингот да бидат доживотни, освен ако поднесат оставки. Никој во семејството не може да ги замени, а акционерите интервенираат само за одобрување на финансиски извештаи и распределба на дивиденди, а не во други прилики. Дел од добивката автоматски се распределува на фондацијата Леонардо Дел Векио.

Финансиските акции на Дел Векио вклучуваат 19% од Медиобанка и 9,9% од Џенерали  (3 милијарди евра). Експертите велат дека тој сакал уште да го зголеми уделот во Медиобанка, но би запрен од ЕЦБ бидејќи семејниот холдинг морал да ја промени својата корпоративна форма.

 

Слични објави

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо
Се вчитува....