26.8 C
Скопје
21:12 - 9 септември, 2026

Договор од 300 милиони долари за Деп да се врати во „Пиратите од Карибите“, ќе му пружи ли рака Џони на Дизни?

Џони Деп се очекува да се врати како Џек Спароу во Пиратите од Карибите, откако беше прекинат договорот со  продукциската куќа во 2018 година. Деп беше главен протагонист на пет филмови за Пиратите од Карибите во последните 15 години, од кои последниот, Одмаздата на Салазар, излезе во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Sparrow (@jack_s_p_a_row)

Но, извор изјави за Поптопик, дека 59-годишниот актер е во преговори со Дизни за „договор од 300 милиони долари“ откако го доби судскиот процес за клевета против Амбер Херд. Инсајдерот откри дека Дизни е заинтересиран да ја изглади врската со Деп и неодамна го контактирале.

„Тие стапија во контакт со актерот пред неговото судење за клевета против Амбер Херд и го прашаа дали би бил заинтересиран да се врати за уште едно или две продолженија од филмот“, вели изворот и додаде дека се работи за Дизни плус. „Договорот наводно бара Џони Деп да се врати како Џек Спароу во Пиратите од Карибите 6 и спин-оф серијата на Дизни плус за раниот живот на Капетанот на Црниот бисер“.

„Она што можам да ви го кажам е дека студиото веќе направи нацрт за филмот за Џек Спероу, па затоа сум многу убеден дека Џони ќе им прости и ќе му се врати на својот легендарен лик“.

Изворот рече дека продукциската куќа понудила  „договор од 301 милион долари“ за да го убеди Деп да се врати наскоро и, исто така, „значителна донација“ за добротворната организација што Деп ја избрал како гест на добра волја.

Ѕвездата на „Едвард Раце ножици“ претходно соопшти дека повеќе нема да работи со Дизни откако беше исклучен од шестиот филм „Пиратите ид Карибите“. Неговиот правен тим вели дека Деп изгубил 22 милиони долари откако Херд го објавила својот едиторијал во Вашингтон пост во 2018 година во кој не е идентификуван Деп, но јасно е етикетиран како семеен насилник.

 

 

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....