16.8 C
Скопје
13:35 - 18 октомври, 2026

Цеца откри кого прво бакнала во 2024

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ откри од кого ја примила првата честитка и кој бил покрај неа за новогодишната ноќ!

Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ја дочека Новата година со спектакуларен настап на Златибор.

Во првото интервју во 2024 година, таа откри од кого ги примила првите честитки, но и кој најмногу и недостасувал за време на новогодишната ноќ. За време на најлудата ноќ, повеќе од седумнаесетстотини луѓе пееја во дует со Цеца, а интересно е што таа ја дочека 2023 година на истото место.

„Ја почнав 2023 година, во Златибор, а еве и ја завршувам на Златибор. Втора година по ред на истото место“, изјавила Цеца.

„Меѓу првите ми честитаа Анастасија и Немања, гледам дека и Вељко ми ѕвонел, а Хелена е тука со мене. И таа утре ќе биде со мене на репризата на Копаоник. Добив многу пораки, немам време да ги прочитам сите, ме чекаа новинари, па прво треба да ги завршам професионалните обврски, после честитките .После интервјуата, веднаш се враќам во Белград, се препакувам и пак на пат, утре имам концерт на Копаоник. Секоја година прво си честитам и бакнувам со членовите на бендот, тие ми се најблиску до мене“.

На прашањето кој најмногу ѝ недостасувал за време на новогодишната ноќ, Цеца одговорила:

„Списокот е долг. Жељко, Крстан. Да не набројувам сега, ние сме големо семејство, фала на Бога. Морам да кажам, покрај тоа што ми недостасува семејството и пријателите со кои сум навикната да пречекувам Нова Година, имам некои што се со мене. Биља Спасиќ е со мене. Стеван е секогаш со мене, мој придружник. Утре нѐ чека друга екипа пријатели на Копаоник. Вечерва беше многу забавно. Судејќи според атмосферата вечерва, ова ќе биде добра година, ќе биде среќна година. Морам да кажам дека ова е најмасовниот концерт во затворен простор. Втор пат во истото место за една година. Одлична енергија вечерва. Толпата беше толку добро расположена. Иако мојота публика е насекаде расположена, среќна и енергична. Сите беа на нозе цело време, пееја, навиваа и јас не престанав. Фала му на Бога, имам вишок енергија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

(Видео) Цеца без шминка и фризура после четири непроспани ноќи: „А, не, не такви прашања!“

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....