10:40 - 10 ноември, 2026

(Видео) Цеца без шминка и фризура после четири непроспани ноќи: „А, не, не такви прашања!“

На Цеца Ражнатовиќ ѝ е преку глава да одговора на прашањата кои најмногу ја интересираат нејзината публика.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за новогодишната ноќ пееше на Златибор, а следниот ден повторно настапи, но на Копаоник. Со толку многу обврски, Цеца не спиела четири вечери, за што проговори на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, Цеца објави видео со нејзината пријателка, поранешната водителка Билјана Спасиќ, која снимила како изгледа Цеца по сите настапи, без шминка и фризура.

принтскрин

„Без шминка и без фризура. Четврта ноќ без спиење“, коментираше поранешната водителка.

„Сега сме кај мене во гајбата на Копаоник и не спиеме, не спиеме“, додаде Цеца која е видно уморна.

„Секако, четврта ноќ не спиеме. Вечерва беше реприза на Нова година, беше прекрасно, сие си поминавме феноменално. Беа тука и новинари, но заборавија да постават две прашања кои нацијата сака да ги знае“, додаде Билјана на што Цеца се збуни.

„Кои?“ – праша Цеца.

„Дали се знае кога ќе има концерт на Ушче и кога ќе има нов албум?“, објасни Билјана и прсна во смеа.

Тогаш Цеца го напушти кадарот, а потоа и просторијата, покажувајќи дека токму овие две прашања ја нервираат.

„А, не, не…“ – рече Цеца, која се држеше за глава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Потсетуваме, Цеца претходно најави дека годинава ќе одржи „Ушче 3“ и ќе исфрли нов албум.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....