05:17 - 8 ноември, 2026

Цеца и Сања Ѓорѓевиќ, специјални гости на 18-тиот роденден на синот на Вики Миљковиќ

Вечерва во Белград, Андреј Ташковиќ, синот на познатата пејачка Вики Миљковиќ го прославува својот 18-ти роденден во присуство на бројни јавни личности и пријатели на семејството.

Меѓу првите гости што пристигнаа беше фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која е и кума на Вики. Нивното пријателство датира уште од детските денови, а дополнително е зацврстено преку семејни врски – нивните родители биле блиски пријатели и колеги на Педагошката академија во Приштина.

„Нашето кумство не е естрадно, тоа е нешто што постои од мали нозе. Со Цеца растевме заедно, нашите семејства беа блиски, а така останавме и ние“, изјавила Вики во една претходна пригода.

Покрај Цеца, важна улога вечерва има и пејачката Сања Ѓорѓевиќ, која исто така е кума на Вики и дел од семејните прослави веќе со години. Сања е присутна на сите важни настани во животот на Вики, што уште еднаш потврдува дека нивното пријателство е долго, искрено и нерскидливо.

Двете дами вечерва застанаа рамо до рамо со својата кума, поддржувајќи ја Вики и нејзиниот син во еден од најзначајните моменти во неговиот живот.

А како изгледаше дел од атмосверата можете да погледнете ТУКА. 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....