17.8 C
Скопје
14:49 - 18 октомври, 2026

Ела Дворник: Морам да живеам со поранешниот сопруг секоја втора недела, но не грижете се добро сум

Познатата инфлуенсерка и блогерка Ела Дворник повторно отворено проговори за личните предизвици со кои се соочува за време на разводот од Чарлс Пирс. Во ново видео објавено на Инстаграм, таа на хумористичен начин прикажа ситуацијата во која, иако веќе не се заедно, по одлука на судот, мора да живее со поранешниот партнер секоја втора недела.

Во видеото, Ела води разговор сама со себе, при што една „верзија“ прашува: „Не сте заедно, но ви рекоа дека морате да живеете заедно?“ На тоа втората верзија одговара: „Да, секоја втора недела.“ На прашањето „Па како не полудуваш?“, следи одговорот: „Ма што би полудила, еве ме, супер сум.“ Видеото завршува со сцена во која станува јасно дека разговара сама со себе, а во описот таа додава: „Сè е во ред, не грижете се.“

Ела подоцна објасни дека видеото не е критика упатена кон Чарлс, туку кон институциите:

„И да се разбереме, ова е критика на системот, а не на мојот поранешен. Ова го дозволува системот, не луѓето. Ни нему, ни мене не ни е драго.“

Во претходни објави, таа сподели дека со Чарлс понекогаш живеат под ист покрив, особено поради договореното заедничко старателство над нивните две ќерки – Бали Ди и Луми Врен. Според привремената судска одлука, девојчињата живеат со својот татко во семејната куќа во Истра, додека Ела моментално живее како подстанар во Нови Загреб.

Во Јутјуб видео со наслов „Можам ли да ги забавувам децата цела недела?“, објавено кон крајот на септември, Ела прикажува како изгледа нејзината посета на децата. Таа патува од Загреб до Балa и поминува време со ќерките, водејќи ги во игротеки, ресторани и на различни активности. Сепак, вели дека условите се далеку од идеални.

„Како и секогаш, доаѓам со куфер во својата куќа, ѕвонам на вратата бидејќи немам клуч од својот дом,“ изјавува Ела во видеото. Додава дека и за време на нејзините седум дена со децата, Чарлс е присутен, а девојчињата и понатаму спијат со него во ист кревет.

„Во суштина, моите седум дена се како да се под надзор. Тоа е многу тешко, бидејќи не можеш да се опуштиш, не можеш да зборуваш слободно, ниту да имаш приватни разговори“, искрено споделува Дворник.

Иако нејзината ситуација е комплицирана и емоционално исцрпувачка, Ела и понатаму останува искрена и отворена со својата публика, користејќи хумор и транспарентност за да го сподели своето искуство.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....