22.8 C
Скопје
16:44 - 2 мај, 2024

Бритни Спирс уверена: Сем Асгари соработувал со татко ѝ, му откривал детали од нејзиниот живот

Бритни Спирс верува дека Сем Асгари „тајно соработувал“ со нејзиниот татко и му давал информации кои му помогнале на Џејми Спирс да ја задржи пејачката под старателство. Ова го пренесува Daily Mail, повикувајќи се на извор близок до ѕвездата.

Според изворот, Бритни Спирс почнала да се сомнева во искреноста на нејзиниот сопруг Сем Асгари многу пред нивното официјално разделување. Тој појасни дека пејачката ги има сите причини да верува дека Сем Асгари, со кого почна да се забавува пет години пред престанокот на старателството од татко ѝ, му давал на Џејми Спирс детали од нејзиниот личен живот.

„Бритни има причина да верува дека Сем тајно соработува со нејзиниот татко Џејми од почетокот на нивната врска. Сем му давал информации на Џејми кои му помогнале да ја држи под свое старателство. Во замена, Сем добил пристап до неа и нејзините пари. Бритни е сигурна дека Сем цело време ја изневерувал“, вели инсајдерот.

На 16 август се дозна дека Бритни Спирс се разведува од Сем Асгари една година по венчавката. Според новинарите, една недела пред тоа, Асгари имал голема пресметка со сопругата поради гласините за нејзино неверство. Потоа, тој се исели од нивната заедничка куќа и поднел барање за развод. Медиумите објавија дека Спирс го пријавила нејзиниот сопруг за семејно насилство.

На 18 август, Сем Асгари првпат проговори за разводот од ѕвездата.

„После шест години љубов и посветеност, мојата сопруга и јас решивме да го завршиме нашето патување заедно. Ќе се држиме до љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам се најдобро“, рече тој.

Претходно оваа недела, Бритни Спирс беше забележана на состанок со нов љубовник среде разводот од Сем Асгари.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....