18:18 - 11 ноември, 2026

(Фото) Амал суперсекси во Венеција во друштво на згодниот Џорџ Клуни: Малку фестивал, малку романтика

Парот Џорџ Клуни и Амал се редовни на филмскиот фестивал во Венеција, но не присуствуваа на него од раѓањето на денес 6-годишните близнаци Александар и Ела.

62-годишниот американски актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни, се појавија на вечера во Венеција, Италија.

Амал (45) изгледаше елегантно во смарагдно зелен фустан со свилени детали на елечето и шлиц кој ги покажуваше нејзините затегнати нозе. Изгледот го комплетираше со сандали со високи потпетици, сребрени обетки и мала клач чанта, додека косата и беше благо брановита и пуштена.

Ѕвездата на филмот „Ocean’s Eleven“ носеше темносин костум и соодветна кошула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dimitris Giannetos (@dimitrishair)

Елегантниот пар пристигна во популарниот ресторан Да Иво каде се често гости, но не само тие – ресторанот го посетуваат и други славни личности, а неодамна тука вечераше и Кијану Ривс.

Џорџ и Амал пристигнаа во Венеција во вторникот (сместени се во хотелот Чипријани) на 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, на кој ќе биде прикажан филмот „Момците во чамецот“ на Џорџ Клуни.

Двајцата беа видени на прошетка во стилизиран изглед и претходниот ден – Амал го покажа своето чувство за стил во мини фустан со принт, додека Џорџ носеше сина поло маица и бледо сини панталони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Zoe Report (@thezoereport)

Слични објави

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.
Се вчитува....