01:22 - 8 ноември, 2026

Бредли Купер ја учи ќерката да вози тротинет и со еден потег ги разнежни сите (ФОТО)

Холивудскиот заводник Бредли Купер (45) е фотографиран на улиците во Њујорк додека својата ќеркичка, двегодишната Лео Де Сена ја учеше да го вози својот тротинет.

Бредли во раце го носеше ранецот на својата ќерќичка, како и шише за вода, додека таа покрај него возеше на тротинет.

Меѓутоа, Сена очигедно се изморила, па на сликата се гледа како Бредли и помага со тоа што тој го носи тротинетот, а својата наледничка ја шета држејќи ја за рака.

Неговиот потег ги воодушеви сите, па тој веднаш доби епитет за внимателен и трпелив татко.

Купер во оваа прилика носеше кошула и панталони, додека стилот на неговата ќерка ги воодушеви сите на улиците во Њујорк.

Фото: Профимедиа

Сена беше облечена во црна јакна, фармерки и чизми, а на главата носеше розова кацига за деца.

За потсетување, Бредли и Ирина Шајк ја прекинаа својата четиригодишна врска во 2019 година, по приказната дека постои романса меѓу Лејди Гага и Купер, но откако холивудскиот актер и руската манекенка раскинаа, Гага заврши со бизнисменот Мајкл Полански.

По раскинувањето, Ирина и Бредли постигнаа вонсудски договор за правно и физичко старателство над својата ќерка, која заеднички планираат да ја чуваат.

Договорот на некогашните партнери е постигнат по пријателски пат, па поранешниот пар наводно нема пишан договор за старателство.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....