10.8 C
Скопје
04:47 - 12 мај, 2026

Боб Дилан го објави првиот албум, роден е Петар Грашо и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја ќе го паметиме по дебитантскиот албум на единствениот музичар кој подоцна ја добива Нобеловата награда за литература – легендарниот Боб Дилан, како и по основањето на светски познатата дискографска куќа „Warner bros“.

Во продолжение прочитајте и за сите други настани кои ја одбележаа историјата на музиката на 19 март:

1946 година – Родена Рут Поинтер, американска ар-ен-би пејачка, член на групата „The pointer sisters“.

1958 година – Основана е една од најголемите американски дискографски куќи – „Warner bros records“.

1962 година – Излезе дебитантскиот албум на тогаш 21-годишниот Боб Дилан. Албумот го носи само името „Bob Dylan“ и содржи 13 нумери, од кои повеќето се традиционални, а само две се негови авторски – „Talkin’ New York“ и „Song to Woody“.

1966 година – Родена Ања Рупер, словенска поп пејачка, авторка и новинарка, која на сцената се појавува во 1982 година како вокал во групата „Videosex“.

1971 година – Британскиот прогресивен фолк рок бенд „Jethro Tull“ го објавија својот 4. албум„Aqualung“. Со ова издание следуваа два сингла, „Hymn 43“ и „Locomotive breath“, но насловната тема „Aqualung“, која ја напишаа лидерот на бендот, флејтистот и пејачот Јан Андерсон, како и неговата тогашна сопруга Џени Френкс, стана една од најпознатите песни на оваа група.

1976 година – Роден славниот хрватски поп пејач Петар Грашо.

1976 година – Почина Паул Кософ (25), англиски рок гитарист, член на групата „Free“.

1982 година – Почина Ренди Роудс, американски гитарист и коосновач на хеви метал групата „Quiet Riot“.

1990 година – Англискиот рок бенд „Depeche Mode“ го објави 7. албум под назив „Violator“, со успешните синглови како „Policy of the truth“ и „World in my eyes“.

2007 година – Почина Крешимир Блажевиќ (48), основач и лидер на рок групата „Аниматори“ од Загреб, позната по хитовите „Лето нам се вратило“, „Анџели нас зову да им скинемо крила“, „Остат чу млад“, „Мале цурице“, „Касно је за просинац“ и така натаму.

Слични објави

Љубовната приказна на Катрин Денев е една од најбурните во 20 век: „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка“

Т.Ц.

(Фото) Се огласи синот на Ѓорѓе Балашевиќ на денот на неговиот роденден: „Ја одбележуваме вечноста“

Еспресо

„Некој го користи мојот лик и име“: Ана Бекута жртва на интернет измама, пејачката итно се огласи

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара го покажа новиот дечко, но сите го гледаа неговиот бесен автомобил

Еспресо

„Слушај ме ваму, гледај ме во очи“ – Сузана Манчиќ му одржала лекција на зетот генерал

Е.А.

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо
Се вчитува....