9.8 C
Скопје
04:19 - 7 мај, 2024

Азовски полк потврдува дека Русите го нападнале Азовстал; Зеленски до Обединетите нации: Помогнете да се спасат луѓето!

Војниците од Азовскиот полк потврдија дека Русите влегле во фабриката Азовстал. Ова е последниот одбранбен бастион на украинските војници во Мариупол на Азовското Море. Во подрумите на фабриката има неколку стотици цивили. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара помош од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за евакуација на повредените.

Војниците на Азовскиот полк потврдуваат дека ја одржуваат одбраната на металуршкиот комбинат Азовстал во Мариупол. Командантот на полкот Денис Прокопенко потврди дека руските трупи извршиле рација во просториите на фабриката.

Командантот во изјавата на Твитер рече дека неговиот тим прави „натчовечки напори“ да го спречи рускиот напад. Тој оцени дека ситуацијата била многу тешка, но војниците продолжиле да се бранат. Воедно се заблагодари за укажаната поддршка.

Дејвид Арахамија, еден од претставниците на Украина во мировните преговори со Русија и шеф на пратеничката група на партијата „Слуги на народот“, исто така објави дека руските трупи се на територијата на Азовстал.

Украинските медиуми објавија дека во просториите на фабриката се водат жестоки борби. Целичарницата Азовстал зафаќа површина од приближно 11 квадратни километри. Војниците кои ја бранеа најавија дека нема да им се предадат на Русите.

Во последните денови, благодарение на привремениот прекин на огнот, некои од цивилите беа евакуирани од фабриката. Русите сепак продолжија со интензивното бомбардирање на фабриката.

Според Киев, на територијата на Азовстал има околу 200 цивили, меѓу кои 30 деца.

Руското Министерство за одбрана увери дека во четврток, петок и сабота на 5, 6 и 7 мај од 8 до 18 часот ќе ги прекине борбените операции и ќе дозволи создавање хуманитарен коридор за евакуација на цивили. Како што е напишано во соопштението, евакуацијата ќе биде можна и кон Руската Федерација и кон областите контролирани од Украина.

Во средата попладне беше објавено дека евакуацијата започнала. Според локални извори, автобуси со Украинци тргнале кон Запорожје, а беше предвидена и следната евакуација на цивили.

 

Слични објави

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо
Се вчитува....