22.8 C
Скопје
16:18 - 2 мај, 2024

АНЖЕЛИКА КОЛЕВА ИСКРЕНО ГОВОРИ ЗА БОРБАТА СО РАКОТ НА ДОЈКА: Од рутинска контрола до отстранување на двете гради

На Анжелика по првото породување ѝ се појавиле цисти кои не се опасни, но редовно ги правела превентивните прегледи. Така и овој пат, дома направила самопреглед, па почувствувала дека цистата е полна. Тоа ја алармирало дека треба да закаже преглед кај својата докторка и да ја извади течноста која ѝ пречела.

фото-приватна архива

– Цистите кои ми се јавија по првото породување на беа опасни, само бараа редовна контрола. Но една од цистите ми се воспали и морав да ја извадам течноста од неа. Закажав преглед и се случи тоа што се случи. Мојата докторка инсистираше да направам мамографија. Тогаш се виде ракот. Веднаш се направи и биопсија и ја испразнија цистата. Јас неможев тоа да го напипам затоа што беше под самата циста. Малигно е, тој одговор ми беше доволен за да се решам да ги отстранам двете дојки. За една недела се заврши се. – раскажува Анжелика.

Човек некогаш може да биде појак и од камен, но во момент може да се скрши на илјада парчиња како стакло.

– Кога излегов од клиниката, седнав во кола за да одам дома, бев сама на преглед. Искрено не знам како стигнав и како возев. Се јавив на сопругот и двата сина, веднаш ме приметија дека нешто не е во ред, заплакав кога видов дека сите ме чекаат на вратата од нашиот дом. Не можев да се воздржам, сакав да ги поштедам од ситуацијата, но не оди тоа така, емоциите те совладуваат и неможеш да скриеш од нив. – вели Анжелика.

Знаела дека хемотерапијата ќе и помогне да ја победи болеста која ја открила во рана фаза. Третманите иако ги поминала лесно, ноќите често ѝ биле мачни. Тешки моменти со многу болка биле секојдневие за Анжелика.

фото-приватна архива

– Најважна е психата и позитивната мисла. Можеби и тоа малку ми помогна. По третата терапија веќе почна да ми паѓа косата. Не сакав да гледам прамени коса насекаде, па му реков на сопругот да ја земе машинката и да ме истриже.Мене ми олесни, но не знам како се чувствуваше тој, но сепак го стори тоа. Цел живот носам шапки, шешири, марами, турбани на глава, не ми беше ништо ново. Навикната бев. Не се срамев да шетам без коса, но почна летото и морав да се заштитувам на главата. Веѓите ги цртав, трепки си ставав и во ниеден момент не се разочарав, иако на повеќето жени губењето на коса им паѓа многу тешко.

Во болница била само четири дена, но била подготвена максимлано да го прифати новиот момент на нејзиното тело. Лузните на градите ја научиле да се сака себе си и да го посакува животот уште повеќе да го живее. Терапиите ги поминувала лесно, па затоа во ниеден момент не престана да слика.

– Променив многу работи после ова. Научив да го слушам сопственото тело кога му е потребно нешто. До пред тоа немав време за себе како и повеќето жени. Многу ми помогна медитацијата, сликањето да не зборувам колку ми помогна да ги тргнам мислите од лошото. Уметноста отсекогаш ми била терапија. Сите мои емоции ги разлевам на платната. Не можам а и не сакам да живеам без неа. Ракот ме научи и тоа да кажувам: ‘Не сакам и ништо не морам’- вели Анжелика.

Освен сликањето, терапија ѝ се и разговорите со жени кои веќе поминале низ истата борба како неа. Вели, со многу од нив разговара и разменува искуства. Тоа значи многу, како и безусловната подршка и љубов од најблиските.

фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

 

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....